Share to:

 

Агрономија

Земање примерок од ленени растенија

Агрономија (од ст.грч. ἀγρός = „нива“ и νόμος = „закон“)[1] — наука и технолошка дисциплина што се занимава со одгледувањето и искористувањето на растенија за храна, гориво, ткаенини и мелиорација на земјиштето. Во нејзината дејност влегуваат проблематики како растителната генетика и физиологија, метеорологијата и науката за почвите. Како поле на активност, агрономијата претставува примена на повеќе науки како што се биологијата, хемијата, економиката, екологијата, геонауката и генетиката. Стручњаците што се занимаваат со агрономија се нарекуваат агрономи се занимаваат со производството на храна, создавање на поздрави храни, управување со влијанието на земјоделството врз животната средина и добивање на енергија од растенијата.[2] Поединечните агрономи имаат разни специјалности: плодоред, наводнување и одвод, расплодување на растенијата, растителната физиологија, класификација на почвите, плодноста, заштитата од плевел, инсекти и штетници итн.

Одгледување на растенија

Опитно ’ртење на растенија

Ова поле на агрономијата се занимава со слективно одгледување на растенијата со цел да се добијат најповолни одлики под извесни услови. Со ваквите методи научниците имаат постигнато значително зголемени приноси поголема хранлива вредност кај многу култури, меѓу кои пченката, сојата и пченицата. Покрај тоа, добиени се и нови сорти и типови на растенија, како што е хибридната житарка тритикале со вкрстување на ’ржта и пченицата. Културата тритикале содржи највеќе искористливи белковини, повеќе од ’ржта и пченицата. Агрономијата е од клучно значење и за развојот на методите на одгледување и производство на овошје и зеленчук. Агрономот има задача да се погрижи еден полјоделски или градинарски производ да ги задоволи следниве услови:

  1. пристап до земја и вода,
  2. пазарна погодност,
  3. квалитет и квантитет,
  4. осигурување од ризици,
  5. земјоделско кредитирање

Биотехнологија

Агрономите се служаат со биотехнологија за да го подобрат и прошират развојот на пожелните особености кај културите.[3] Технолозите работат во лаборатории и вршат опити во контролирани услови, но и на самите полиња со цел да го испробаат растението и да го проследат неговиот развој.

Покрај зголемувањето на приносот, биотехнологијата сè повеќе се посветува на непрехранбени задачи. Значаен пример е прилагодувањето на маслодајни растенија за добивање на масни киселини за детергенти и како замена за горива и нафтени деривати — биогорива.

Наука за почвите

Друга задача на агрономијата е да изучува одржливи начини на искористување на почвата, која истовремено ќе биде поплодна и подоходовна. Тука спаѓа класификацијата на почвите и нивна репродукција, со цел да се утврди дали содржат супстанции неопходни за растенијата како што се соединенијата на азот, фосфор и калиум. Доколку некоја почва е сиромашна со некоја материја, тогаш истата се збогатува со ѓубрива. Науката за почвите го проучува движењето на хранливите материи во почвата, колку материи примаат корењата како и развојот на корењата и нивниот однос со почвата.

Агроекологија

Кружни полиња засадени со пченка, сирак и пченица.

Агроекологијата се занимава со управувањето на земјоделски системи со посебен нагласок на екологијата.[4] Во потесна врска со неа се применетите дисциплини и практики како одржливото земјоделство, органско земјоделство, развојот на алтернативни системи на добивање на храна и други култури.

Поврзано

Наводи

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. 15. Text "series " ignored (help)
  2. Јас сум агроном! Архивирано на 16 ноември 2017 г. (англиски)
  3. За меѓународни закони за животната околина Архивирано на 7 февруари 2009 г. (англиски)
  4. Агроекологија Архивирано на 7 октомври 2008 г. (англиски)

Литература

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya