АдАд (старогрчки: ᾍδης) — во старогрчката митологија, син на титаните Хрон и Реја; еден од четирите браќа што владееле со светот. Тој бил бог на подземјето, „темното царство“ така што често подземниот свет се нарекува „ад“.[1] Поделба на властаПо падот на Титаните, заедно со браќата Зевс и Посејдон го сочинувал тројството на најголеми грчки богови. Кога го одзеле престолот на таткото Крон, ја поделиле власта. На Зевс му припаднала власта над небото и земјата. Посејдон ја добил власта над морето, а Ад станал владетел на подземниот свет. ОсобеностиНеговата сила и власт се споредува со силата на Зевс на горниот свет. Тој бил Зевс на подземјето, неговата сила, суровост и неумоливост се огледувале во тоа што неговите поклоници никогаш не гледале во негоовиот лик кога принесувале жртви. Неговата сопруга била Персефона. Негов еквивалент во римската митологија е богот Плутон. Наводи
|