Аминта III
Аминта III — крал на Македонија од 393/392 г.п.н.е. до 370/369 п.н.е. Бил син на Аридеј татко на Филип II, односно дедо на Александар III Македонски.[1] Аминта дошол на престолот по десет години проблеми со наследството по убиството на Архелај I. Но тој имал многу непријатели во самата Македонија; во 393 п.н.е. бил истеран од страна на Аргеј II и Илирците, но следната година си го повратил кралството со помош на Тесалија. По заземањето на власта успеал да ги совлада внатрешните тешкотии, настанати како последица од претходните судири околу престолот и да и обезбеди внатрешна стабилност на македонската држава. Потоа се свртел против неприајтелите што ја загрозувале Македонија однадвор.[1][2] Склучил договор со Спарта, кои му помагале да го ликвидира Сојузот на халкидиските градови на чело со Олинт (379 п.н.е.). Аминта III успеал да ги неутрализира и нападите на Илирите, што ја загрозувале македонската држава од запад. Со постојани борби успеал да ги одбрани македонските територии од нападите на надворешните непријатели, да го рашири македонското влијание и да ја афирмира македонската држава како централен балкански фактор.[1][2] Исто така, влегол во сојуз со Јасон Ферски и предано одржувал пријателство со Атина. Од неговата жена, Евридика II имал три сина, од кои сите подоцна станаа македонски кралеви: Александар II, Пердика III и Филип II Македонски. ЧествувањеИмето на овој крал го носи популарна улица центарот на Скопје, чиј пораншен назив гласел „Ленинова“.[3] Наводи
|