АнтигонидиАнтигонидска династија или Антигониди — династија на македонски кралеви кои воделе потекло од Антигон I Едноокиот генерал во војската на Александар Македонски. Династијата е наследничка на Антипатридската династија, која владеела со Мала Азија и северна Сирија. Напорите на Антигон I Едноокиот за воспоставување на контрола врз целокупната територија на Македонската Империја завршиле со негов пораз во Битката кај Ипс во 301 п.н.е.. Неговиот син, Деметриј I Опсадникот ја преживеал битката и неколку години подоцна завладеал со Македонија, но подоцна бил симнат од престолот и умрел во затвор. По период на нереди, синот на Деметриј, Антигон II Гонат успеал да ја зацврсти семејната власт врз старото Македонско Кралство, како и врз речиси сите грчки градови-држави до 276 п.н.е..[1] Антигонидската династија била една од четирите династии воспоставена од страна на наследниците (дијадоси) на Александар Македонски, останатите три династии биле: Селевкидската династија, Птоломејската династија и Аталидската династија. Последниот член на династијата, Персеј, кој владеел помеѓу 179 п.н.е. - 168 п.н.е., бил признат од грците како борец за ослободување од римската власт. Персеј не успеал да го сопре напредувањето на римските легии и неговиот пораз во Битката кај Пидна значело и почеток на крајот на династијата.[2] Членови на династијата, влатедетели со Македонија
Поврзано
Наводи
|