Астероид од типот CАстероиди од типот C (јаглероден астероид) — најчестиот вид на астероиди, застапен со 75 % од вкупниот број.[1] Се одликуваат со многу мало албедо бидејќи содржат многу јаглерод, покрај камењата и минералите. Најчесто се јавуваат по работ на астероидниот појас, на растојание од 3,5 астрономски единици (ае) од Сонцето, каде 80 % од астероидите се од овој вид; за разлика од ова, истите се застапени со само 40 % 2 ае од Сонцето.[2] Уделот на типот C може да е и поголем бидејќи ваквите астероиди се многу потемни од сите други видови (освен типот D). ОдликиОваа класа имаа спектри мошне слични на јаглероднохондритски метеорити (типови CI и CM). Второспоменатите имаат хемиски состав многу близок на оној на Сонцето и првобитната сончева маглина, освен тоа што немаат водород, хелиум и други испарливи елементи. Присутни се и водосодржечки (хидратни) минерали.[3] Астероидите од типот C се крајно темни, со албедо од 0,03 до 0,10. Голем број астероиди од типот S се гледаат со двоглед при противположба, но дури и најголемите астероиди од типот C мора да се гледаат со телескоп. Веројатно најсјајниот од нив е 324 Бамберга, но многу големото занесување не му дава да достигне доволна привидна величина. Спектрите умерено ја задржуваат ултравиолетова светлина при бранови должини под 0,4-0,5 μм, но при поголеми должини се претежно безлични, со мало руменило. Таканареченото водно браново впивање е при 3 μм, што укажува на веројатно присуство на вода во минералите. Најголемиот астероид кој недвосмислено му припаѓа на типот C е 10 Хигија, иако класификацијата по SMASS тука ја вбројува 1 Церера (најголемиот астероид воопшто) бидејќи нема класа G. Астероиди од групата CГрупа C (Толенова)Во Толеновата класификација, астероидите од типот C се групираат со три помалобројни типови во пошироката група C на јаглеродни астероиди, каде спаѓаат: Група C (SMASS)Во класификацијата по SMASS, пошироката група C ги опфаќа следниве типови:
ПоврзаноНаводи
|