Ова е список на мали планети со бројна ознака, во надолен редослед. Со исклучок на кометите, сите мали планети се мали тела од Сончевиот Систем се астероиди, далечни тела и џуџести планети. Каталогот опфаќа стотици страници, секоја од по 1000 мали планети. Секоја година Центарот за мали планети во име на Меѓународниот астрономски сојуз објавува илјадници мали планети со новодадени бројни ознаки во нивното гласило наречено „Распис за мали планети“ (Minor Planet Circulars).[1][2] Во мај 2021 г. биле познати 552.450 мали планети со бројни ознаки од вкупно 1.074.491 забележани (остатокот се без бројни ознаки и комети).[3][4]
Првото тело во каталогот е 1 Церера, откриено од Џузепе Пјаци во 1801 г. Најпознат е Плутон (со ознака 134340 Плутон, порано сметан за планета). Огромен дел (97 %) од малите планети се астероиди од астероидниот појас. Постојат преку илјада различни откривачи кои набљудуваат од сè поголем број на регистрирани опсерватории. Највеќе тела имаат откриено потфатите LINEAR, Спејсвоч, MLS, NEAT и CSS. Околу 22.364 од малите планети имаат сопствени имиња, претежно наречени по личности, места и ликови од митологијата и книжевноста.[4][5] Околу 96 % од сите каталошки ставки со бројна ознака немаат имиња.
Се очекува дека прегледот на опсерваторијата „Вера Рубин“ (LSST) ќе даде уште 5 милиони мали планети во рок од десет години, што би било десеткратно повеќе од сега.[6] Иако сите астероиди од главниот појас со пречник над 10 километри веќе се откриени, може да постојат 10 билион (трилион) астероиди од еден метар и поглеми вон орбитата на Јупитер; воедно, веројатно постојат преку билион мали планети во Кајперовиот Појас од кои стотици веројатно се џуџести планети.[6][7]
Главен индекс
Ова е список на постоечките делумни списоци на мали планети. Секоја табела опфаќа 100.000 мали планети, а секоја ќелија има 1.000 последователно набројани тела. Податоците се преземени од Центарот за мали планети.[1]