Бел волк
Бел волк (науч. Canis lupus arctos), познат исто како арктички волк или поларен волк — подвид на сивиот волк својствен за високата арктичка тундра на канадските острови Кралица Елизабета.[1][2] За разлика од некои популации кои се движат помеѓу тундра и шумски региони,[3] Арктичките волци го поминуваат целиот свој живот во повисоки предели.[4][5] Нивната дистрибуција на југ е ограничена на северните рабови на средноарктичката тундра на јужната половина од островите Принц на Велс и Сомерсет.[2] Белиот волк е подвид со средна големина, кој се разликува од северозападниот волк по неговата величина, побелата боја, потесниот мозок[6] и поголемите заби во задниот дел од устата.[7] Од 1930 година, има прогресивно намалување на големината на черепите на арктичките волци, што веројатно е резултат на хибридизација на волк-куче.[7] ТаксономијаВо 1935 година, британскиот зоолог Реџиналд Покок го доделил името на подвидот Canis lupus arctos (арктички волк) на примерок од островот Мелвил на островите Кралица Елизабета во Канада. Тој потоа напишал дека слични волци се наоѓаат на островот Елесмер. Тој, исто така, го доделил името Canis lupus orion на примерок од гренландски волк од Кејп Јорк во северозападен Гренланд. И двата волци се препознаваат како посебни подвидови на Canis lupus (волк) во таксономскиот орган Видови на цицачи на светот (2005). Студија на Chambers et al . (2012) користејќи автосомна микросателитска ДНК и митохондријална ДНК податоци покажуваат дека белиот волк нема уникатни хаплотипови што сугерира дека неговата колонизација на Арктичкиот архипелаг од северноамериканското копно се десила во скорото минато, а со тоа била и недоволна за да се гарантира статусот на подвидот.[10] За време на состанокот одржан во 2014 година од Националниот центар за еколошка анализа и синтеза на Службата за риби и диви животни на САД, еден говорник, Роберт К. Вејн, спомна дека не се согласува со заклучокот дека подвидот мора да биде генетски различен, верувајќи дека различни подвидовите може полека да се вградуваат еден во друг - што сугерира дека иако е невозможно да се одреди дали поединечниот волк е еден или друг подвид со помош на ДНК, популацијата на арктичките волци како вид може да се разликува со гледање на пропорциите на еден нуклеотид полиморфизми (SNP): т.е Вејн понатаму изјавил дека верува дека живеалиштето во кое што се наогја волкот е доволно добра одлика за да се разликува подвидот.[11] Белиот волк обично не се плаши од луѓе и може дури и да биде убеден да им пријде на луѓето во некои области.[12] Волците на островот Елесмер не се плашат од луѓе и се верува дека е поради тоа што толку ретко гледаат луѓе, затоа тие им пристапуваат на луѓе претпазливо и љубопитно.[13][14][15][16] Ото Свердруп напишал дека за време на експедицијата Фрам, два волци следеле еден од експедиционерите во тимот, кој ги држел волците на растојание мавтајќи со неговиот скијачки стап.[17] Во 1977 година, шест волци на островот Елесмер им пришле на пар научници, при што еден од волците скокнал кон еден од научниците и му го допрел образот. Голем број инциденти со агресивни волци се случија во Алерт, Нунавут, каде што волците со децении живееле во непосредна близина на локалната метеоролошка станица и станале навикнати на луѓето. Еден од овие волци нападнал 3 лица, бил застрелан и бил позитивен на беснило.[18] Не се знае многу за движењето на арктичките волци во главно поради климата. Единственото време во кое волците мигрираат е во текот на зимата кога ноќта трае со месеци и има целосен мрак 24 часа. Ова го отежнува истражувањето на движењето на арктичките волци. Околѕ 2,250 километри јужно од Високиот Арктик се одржа студија за движење на волците во зима во целосна темница, кога температурата беше ниска до −53 °C (−63 °F) . Истражувачите откриле дека волците највеќе ловат мускокси. Нема достапни информации за движењето на волците во пределите каде што се наоѓале мускоксените.[19] ИсхранаВо дивината, арктичките волци во главно ловат мускокси и арктички зајаци. Утврдено е дека тие исто така понекогаш ловат леминзи, карибу, арктички лисици, птици и дури и некои бубачки. Откриено е и дека арктичките волци понекогаш роварат низ ѓубре за да најдат храна, но вој вид на обезбедување на храна е прилично редок во исхраната на белиот волк поради регионалната и сезонската достапност.[20] Понекогаш има дебата дали мускоксот или арктичкиот зајак е примарен плен за предатор-плен системот на овие три животни. Студии обезбедуваат докази дека мускоксите се навистина нивниот примарен плен бидејќи се чини дека присуството и размножувањето на волкот е поголемо кога мускоксот е подостапен отколку при поголема достапност на зајаците.[21] Повеќе придружни докази сугерираат дека мускоксот обезбедува долгорочна одржливост за разлика од зајакот, додека пак другите копитари воопшто не се појавуваат во исхраната на волкот.[22] Доказите кои покажуваат дека арктичките волци зависат повеќе од зајаците тврдат дека зрелата популација на волци била паралелна со зголемувањето на популацијата на зајаците.[23] Студијата понатаму вели дека степенот на зависност помеѓу двата извори на исхрана е неизвесен и дека количината на потрошувачка помеѓу двата вида зависи од сезоната и годината.[23] Дебатата продолжува кога се работи за сезоната и исхраната на младите волци. Според една студија, телињата мускокс служат како примарен извор на храна бидејќи потребите на младенчињата се поголеми [24], но друга студија сугерира дека кога зајаците биле многу пообилни (Mech, 2000), волците најчесто ги хранеле нивните младенчиња со зајаците во текот на летото.[23] Овие разлики може да се припишат и на локацијата. Белите мечки ретко се среќаваат со волци, иако постојат два записи од ситуации кајшто глутница волци убиваат младенчиња на бели мечки.[25] Конзервација (зачувување на видот)Белиот волк не е особено загрозен вид, но сепак се соочува со некои опасности. Во 1997 година, имаше пад на популацијата на арктичките волци и нивниот плен, мускоксен ( Ovibos moschatus ) и арктичките зајаци ( Lepus arcticus ). Ова се верува дека е поради неповолните временски услови во текот на летата претходните четири години. Популацијата на арктичките волци се накачи следното лето кога временските услови се вратија во нормала.[26] Наводи
Надворешни врски
|