Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 56,7 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 3.559,4 ха, шумите заземаат површина од 1.123,5 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 506,8 ха. Селото има мешовита земјоделска функција.[3]
Согласно 2022 година, Бозовце има места кои нудат угостителски услуги со традиционално подготвена храна.[4] Селото има продавница, согласно 2020 година.[5]
Според статистиките од 1929 година, селото споменато како Бозовец припаѓало во Селечката општина со средиште во Шипковица и има 73 куќи со 472 жители Албанци.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Албанци.[8]
Во 1961 година селото броело 837 жители, од кои 754 биле Албанци и 64 жители Турци, додека во 1994 година бројот на населението се зголемил на 1.012 жители, од кои 998 се Албанци и четири жители Турци.
Според пописот од 2002 година селото има 924 жители, од кои 1 Македонец, 921 Албанец и 2 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 174 жители, од кои 137 Албанци, 1 останат и 36 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Како најстари албански родови во селото Бозовце се споменуваат двата рода: Алиалар (25 куќи) и Укалар (25 куќи). По потекло се од Љума (во денешна северна Албанија), а овде живеат од почетокот на XIX век.[15]
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
Доселеници: Алилар (25 к.), Укалар (25 к.) доселени се од Љусна во денешна северна Албанија; Чајан (11 к.) доселени се од Љума во северна Албанија; Велки (16 к.) доселени се од селото Топојане во Љума, северна Албанија; Стрезњан (12 к.) доселени се од местото Стреза во Малесија, северна Албанија; Одалар (7 к.) доселени се од местото Орѓуше во северна Албанија; Фанци (9 к.) доселени се од Фанде во северна Албанија, таму биле католици, и имаат роднини, католици; Брајче (10 к.) доселени се од Малесија во северна Албанија.[16]
↑Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 24.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“