Бозовачко Eзеро
Местоположба и именувањеЕзерото се наоѓа северозападно од Бозовце на надморска височина од 2.107 метри. Истото се протега во насока југозапад-североисток.[1]. Сместено е во циркот Сорупа, според кој од месното население и се именува како Сорупа , додека имињата Бозовечко Езеро и Локва се дадени од научната и стручна јавност при проучувањата за студијата на националниот парк Шар Планина, и се непознати и не се користат од мештаните. Веднаш над самото езеро и цирк се издигнува врвот Залина висок 2495 м. До езерото Сорупа води патека која започнува од широкиот земјен пат од Бозовце во долината на Лешница, кој потоа кај Бозовечките бачила преминува во тесна пешачка патека која продолжува по падината кон северозапад. ОдликиХранењето на езерската вода се врши со топење на околните мразници. Bеднаш непосредно на југоисток над езерото постои силен извор на вода кој се влева во самото езеро, а потоа и продолжува да истекува во долината на Лешница. Од ова езеро нема постојана истека, односно празнењето се врши со испарување на водата.[1]. Се одликува со многу бистра и студена вода и бело тињесто дно. Мерења во 2020 г.Пред прогласувањето на новиот национален парк „Шар Планина“, во извршената студија за валоризација на паркот се дадени мерењата дека езерото има површина од 287 м2, долго е 39,9 метри, а широко е 10,2 метри.[1] ГалеријаПоврзаноНаводи
|