ВекВек или столетие — временски период од сто последователни години. Во повеќето јазици, како во македонскиот, вековите се именуваат со редни броеви, како на пр. „деветти век н.е.“. Во Европа исклучок се скандинавските јазици, кои вековите ги изразуваат во стотини (на пр. „1900-тите“). Почеток и крај во грегоријанскиот календарСпоред грегоријанскиот календар, I век н.е. започнал на 1 јануари 1 г. и завршил на 31 декември 100. II век започнал во 101 г., III век во 201 г. итн. Формулата гласи дека n век започнува во 100×n - 99 година. I век п.н.е. и н.е.Не постои „нулти век“ помеѓу I век п.н.е. и I век н.е.. Затоа не постои ни 0 година н.е.[1]. јулијанскиот календар „прескокнува“ од 1 п.н.е. на 1 н.е. Првиот век п.н.е. го опфаќа периодот од 100 п.н.е. до 1 п.н.е.. Другите векови пред нашата ера ја следат истата шема. Датирање во други календарски системиОсвен Грегоријанскиот, јулијанскиот календар и хинду календарот користат годишни циклуси за цели, округли временски периоди. Да речеме, хинду календарот користи циклуси од 60 години. Вековите во астрономскиот системАстрономското броење на годините што го користат астрономите има и нулта година (0). Затоа првиот век во овој календар ги опфаќа годините 0 до 99, вториот 100 до 199 итн. Меѓутоа за 2000 г. да се смета за прва година од XXI век, астрономската 0 година мора да соодветствува на грегоријанската година 1 п.н.е. Векот како тема во уметноста
Наводи
Белешки наводи
Поврзано
|