Вербен (Елба)За Вербен во округот Шпре-Ниса, види Вербен (Бранденбург).
Вербен (Елба) (германски: Werben (Elbe)) — град во округот Штендал, во Саксонија-Анхалт, Германија. ГеографијаСе наоѓа на левиот брег на реката Елба, околу 7 километри западно од Хафелберг. Дел е од заедницата на општини Арнебург-Голдбек. Службеното име на градот е Hansestadt Werben (Elbe), однесувајќи се на неговиот статус како поранешна членка на Ханза. ИсторијаВербен бил првпат спомнат во 1005 година и играл влијателна улога во текот на средновековните војни помеѓу Саксонците и Полапските Словени; неговото име е од словенско потекло. Дел е од Алтмарк и ги добил градските права во 1151 година од Алберт Мечката и голема бројка на Холанѓани во 1160 година. Станал член на Ханза во 1358 година. Додека бил дел од грофовијата Бранденбург, Вербан бил местото на „Битката кај Вербен“ во 1631 година, во текот на Триесетгодишната војна. Вербен станал дел од Кралство Прусија во 1701 година. Потоа станал дел од пруската Провинција Саксонија во 1815 година и новата покраина Саксонија-Анхалт по Втората светска војна. Наводи
|