Часовни појаси во Европа : Со светли бои се обележани земјите кои не сметаат летно време : Алжир , Мароко , Тунис , Исланд , Белорусија , Русија и Турција .
Средноевропско летно време (англиски : Central European Summer Time , CEST ) — назив на временско отстапување при сметање на времето во лето кое ја користи часовниот појас UTC+1 , 2 понапред од координираното универзално време . Се користи при летно сметање на времето во највеќето европски земји. Во текот на зимата се користи средноевропското време (UTC+1 ).
Сè до 1996 г. се сметало т.н. „европско летно време“ од последниот ден недела во март до последниот ден недела во октомври. Дотогаш правилата за сметање на ова време не биле исти во сите земји.[ 1]
Примена
Средноевропското време се користи во следниве земји во текот на летото, помеѓу 1:00 UTC на последниот ден недела во март и 1:00 на последниот ден недела во октомври.
Австрија , редовно од 1980 г.
Албанија , редовно од 1974 г.
Андора , редовно од 1985 г.
Белгија , редовно од 1980 г.
БиХ , редовно од 1983 г.
Ватикан , редовно од 1966 г.
Германија , редовно од 1980 г.
Гибралтар , редовно од 1982 г.
Данска (без прекуморски територии), редовно од 1980 г.
Италија , редовно од 1966 г.
Лихтенштајн
Луксембург , редовно од 1977 г.
Македонија , редовно од 1983 г.
Малта , редовно од 1974 г.
Монако , редовно од 1976 г.
Норвешка , редовно од 1980 г.
Полска , редовно од 1977 г.
Сан Марино , редовно од 1966 г.
Словачка , редовно од 1979 г.
Словенија , редовно од 1983 г.
Србија , редовно од 1983 г.
Унгарија , редовно од 1980 г.
Франција (без прекуморски територии), редовно од 1976 г.
Холандија (без прекуморски територии), редовно од 1977 г.
Хрватска , редовно од 1983 г.
Црна Гора , редовно од 1983 г.
Чешка , редовно од 1979 г.
Шпанија (освен Канарските Острови ), редовно од 1974 г.
Шведска , редовно од 1980 г.
Швајцарија , редовно од 1981 г.
Средноевропското летно време се користело и во Португалија од 1993 до 1995 г. и во Литванија од 1998 до 1999 г.
Поврзано
Наводи