Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 18 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 74 мажи христијани, со 2 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 152 жители.[2]
Виниче е македонско село, населено во целост со родови на Македонци од православна христијанска вероисповед.
Според истражувањата од 1963 година, родови кои живеат во Виниче се:
Доселеници: Трајковци (3 к.) доселени се од некое село во Овче Поле. Го знаат следното родословие: Трајан (жив на 62 г. во 1963 година) Панче-Зафир-Трајко, основачот на родот кој се доселил; Младеновци или Бичкаџии (4 к.) основачот на родот е доселен како ѕидар од некое село во Порече; Шаневци (2 к.) доселени се од претежно албанското село Страчинци; Караџовци (2 к.), Анѓелевци (7 к.), Велковци (2 к.), Цветковци (4 к.) и Лунџовци (1 к.) доселени се, но не знаат од каде.[11], а последниот род Лунџовци можно е да водат потекло од скопското село Блаце каде постои истоимен род.
Во селото имало само еден староседелски род, Илиевци (2 к.), исто така познати како Гоџовци, кои биле доселени од некое место погоре во Скопска Црна Гора или од Кумановско, основачот на родот бил некој Илија. Денес родот е практично иселен во блиското село Стајковци.
Култура
Името на селото го носи ликовната манифестација „Виниче“ со културна програма околу црковниот комплекс „Св. Илија“.[12]
Иселеништвото воглавно се одвивало кон Скопје. Таму целосно се иселиле Нерабовци, Стаматковци, и др. Потоа има иселеници во соседното село Стајковци (Шаневи, Анџини, Младеновци, Караџовци, Алтиовци, Дељовци, Дрнговци и Шеровци), Драчево (Десковци).[11]
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.