Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 6 христијански[2] и 20 муслимански[3] домаќинства. На овој попис биле забележани 15 мажи христијани, со 1 новороденчe и 56 мажи муслимани со 11 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 166 жители.
Според податоците на бугарскиот публицист Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 210 жители, од кои 180 жители Албанци муслимани и 30 Македонци христијани.[5]
Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци.[8]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
506
—
1953
574
+13.4%
1961
700
+22.0%
1971
—
—
1981
—
—
Година
Нас.
±%
1991
—
—
1994
—
—
2002
1.683
—
2021
2.152
+27.9%
На пописот од 2002 година, селото имало 1.683 жители, од кои 4 Македонци, 1.646 Албанци, 1 Турчин, 1 Србин, 28 Бошњаци и 3 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.152 жители, од кои 1 Македонец, 2.060 Албанци, 32 Бошњаци, 1 останат и 58 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“