Герен (Илм)За други значења на поимот, погл. Герен.
Герен (германски: Gehren) — поранешен град и општина во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа околу осум километри источно од градот Илменау во долината на Волрозе помеѓу Тириншката Шума на југозапад и Тириншката Висорамнина на југоисток. Денес, во Герен е сместено покраинското шумско училиште. Герен бил седиште на амт уште од средниот век. Во областа на амтот влегувал југоисточниот дел на денешниот округ Илм околу местата Лангевизен, Герен и Гросбрајтенбах, кои припаѓале на Големото Војводство Шварцбург-Зондерсхаузен. Кон крајот на XIX век, во Герен се отвориле бројни фабрики со индустријализацијата. Од 6 јули 2018 година претставува дел од градот Илменау, каде бил припоен со административната реформа. ГеографијаГерен се наоѓа на североисточниот раб од Тириншката Шума, околу осум километри источно од Илменау. На југоисток од градот почнува Тириншката Висорамнина. Герен се наоѓа на устието на реките Шобзе во Волрозе, притока на Илм. Северниот, југозападниот и југоисточниот дел на градското подрачје се шумски делови, додека во остатокот се наоѓаат долини. ИсторијаСтанал град во 1855 година. Помеѓу 1881 и 1998 година, Герен бил поврзан со Илменау со железница. Замокот во Герен бил запален во 1936 година. Галерија
Надворешни врски
|