Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[4]
Гермијан е средно по големина село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 555 жители, а во 1994 година 286 жители, од кои 283 биле Македонци и само тројца жители Срби.
Според пописот од 2002 година, селото брои 257 жители, од кои 251 Maкедонец, 5 Срби и 1 останат.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 195 жители, од кои 182 Македонци, 1 Србин, 2 останати и 10 лица без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
б.п.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
482
1953
362
—
185
—
—
47
...
7
—
601
1961
497
2
8
...
...
46
...
2
—
555
1971
518
—
—
—
...
21
...
2
—
541
1981
409
—
—
—
—
15
...
2
—
424
1991
392
—
—
—
—
9
...
3
—
404
1994
283
—
—
—
—
3
...
—
—
286
2002
251
—
—
—
—
5
—
1
—
257
2021
182
—
—
—
—
1
—
2
10
195
Родови
Гермијан е македонскоправославно село, поголемиот број родови се македонски, но има и два српски рода.
Според истражувањата од 1953 година родови во селото биле:
Македонски родови:
Доселеници:Лавровци (6 к.), Гацовци (5 к.), Деловци (3 к.) и Матејевци (2 к.) доселени се 1920 и 1924 година од селото Совиќ, подалечно потекло на Лавровци е од Груништа во Мариово. И останатите родови се доселени однекаде; Котевци (1 к.) доселени се од Бач после 1918 година; Кара Коле (1 к.) потекнуваат од старите македонски родови кои живееле во Гермијан, па се иселиле во Асаново, Леринско кога дошле Турците во Гермијан, а во 1927 година се вратиле назад; Филиповци (1 к.) доселени се во 1927 година од леринското село Пополжани; Музуровци (2 к.) доселени се во 1927 година од леринското село Сетина; Љамевци (3 к.) доселени се после 1918 година од селото Полог; Глувчевци (4 к.) и Русевци (2 к.) доселени се после 1928 година од леринското село Пополжани; Митревци (2 к.) доселени се после 1927 година од селото Живојно; Ешкелија (1 к.) доселени се 1927 година од леринското село Екши Су (Горно Врбени); Рамаличани (2 к.) доселени се 1927 година од леринското село Рахманли; Петковци (1 к.) доселени се во 1927 година од леринското село Крушоради; Ицовци (1 к.) и Шилевци (1 к.) доселени се 1942 и 1944 година од охридското село Опеница; Гичевци (4 к.) и Карамеше (1 к.) од селото Бач во 1942 година, во Бач биле староседелци; Гавриловци (1 к.) доселени се во 1941 година од леринското село Овчарани.
Доселеници:Умеркалар (1 к.), Ѓор-Мусалар (1 к.), Широколар (3 к.), Зијат (1 к.), Фазлиовци (2 к.), Рамушалар (3 к.), Расим-Ќемал (2 к.), Гегелар (3 к.), Голманлар (2 к,), Насуфлар (3 к.), Машковци (3 к.), Далип (1 к.), Кушлин (1 к.) и Абазовци (2 к.). Родовите Фазлиовци, Рамушалар, Расим-Ќемал и Абазовци се доселиле од Живојно, во периодот од 1912 до 1949 година. Сите турски родови се доселени од Мала Азија, Коња вилајет во XVIII век. А пред да дојдат во Гермијан живееле во селото Коњарка, кое постоело во Мариово.
Српски родови:
Доселеници:Николиќи (3 к.) и Петровиќи (2 к.) доселени се во 1928 година од селото Петровци кај Пирот.[8]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 171 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.[9]
Стари македонски иселеници од ова село има во леринското село Асаново. После 1912 година од селото се иселил значаен број од турското население. Сосема се иселиле родовите. Балколар, Јусуфлар, Имер Оџалар, Аџи Оџалар, Токмаклар, Пусталар, Идризоски, Коџа Ѓеролар, Коџа Беколар, Карач Колар и Усеин Оџалар. Турското население се иселило во Турција и Битола. Останатите турски семејства се иселиле после 1953 година. Во 1941 година бугарските власти иселиле осум српски колонистички семејства од селото.[8]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.