Будимирци
Будимирци — село во Општина Новаци, во областа Мариово, во околината на градот Битола. Селото поседува зачувана препознатлива архитектура на селските куќи.[2] Потекло и значење на иметоПрвпат името на селото било запишано како Големо и Мало Будимирци (ретко и Лениште) во турски документи во XVI век. Името веројатно доаѓа од личното име Будимер или Будимир.[3] Будимир прв се населил во месноста и селото го добило неговото име. Името Будимир, составено од буди и мир, веројатно значи „будење во мир“ или да се „биде во мир“.[2] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово, од десната страна на Црна Река, чиј атар високо се издига до сртот на планината Ниџе, каде што на тесен дел се допира со државната граница со Грција. Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Новаци.[4] Селото е планинско, на надморска височина од 800 метри. Лежи непосредно до локален макадамски пат, кој се издвојува од регионалниот пат 1311. Од градот Битола е оддалечено 63 километри,[4] додека од општинското средиште Новаци е оддалечено 38 километри. Реките Трновчица и Бела Река се сметаат за значајно геонаследство од сферата на хидрологијата.[5] ИсторијаВо Будимирци се имаат преселено жители од некогашните соседни села Трново, Лешница и Леништа кои наполно се исчезнати.[2] СтопанствоАтарот е мошне голем и зафаќа простор од 40,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.926,3 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.903,3 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 737,8 хектари.[4] Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[4] Население
Демографски статистики за селото Будимирци од османлискиот период:[6]
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Будимирци имало 618 жители, од кои 500 Македонци, 110 Власи и 8 Роми.[7] Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Будимирци имало 480 Македонци, патријаршисти.[8] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Будимирци се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 67 куќи.[9] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[10] Селото е зафатено со значителна депопулација и деаграризација, бидејќи од него се иселило грото од населението. Така, во 1961 година селото броело 521 жител, а во 1994 година бројот се намалил само на 42 жители, македонско население.[4] Според пописот од 2002 година, во селото Будимирци живееле 30 жители, сите Македонци.[11] Во 2008 година, според неофицијални податоци, селото имало 28 жители.[2] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
ИселеништвоНајголем дел од населението се иселило во градовите Битола, Скопје и Прилеп, како и во прекуокеанските земји и Европа. Бројот на иселеници од селото изнесува над 500 лица.[2] Самоуправа и политикаВо XIX век, Будимирци било село во Мариовската нахија, во Прилепската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Старавина. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Мариово. Во периодот 1950-1955, селото било дел на тогашната Општина Старавина, во која покрај селото Будимирци, се наоѓале и селата Градешница, Груништа, Зовиќ и Старавина. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0177 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на објект на општината. Во ова избирачко место е опфатено и селото Груништа.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[17] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 16 гласачи.[18] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|