ГифхорнЗа други истоимени места, погледајте Гифхорн (појаснување).
Гифхорн (германски: Gifhorn) — град и административно седиште на истоимениот округ, во источниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Има население од околу 42.000 жители и е под влијание на блиската оддалеченост од поголемите градови, Брауншвајг и Волфсбург. Гифхорн претставува дел од метрополитенската област Хановер-Брауншвајг-Гетинген-Волфсбург. Најстаро спомнување за постоењето на градот е од 1196 година. Во градот се наоѓа Меѓународниот музеј за ветерници и воденици, кој содржи опфатна збирка и реплики на ветерници и воденици. ГеографијаМестоположбаГрадот се наоѓа помеѓу Хановер, Брауншвајг и Волфсбург, околу 20 километри северно од Брауншвајг и околу 15 километри западно од Волфсбург. Во градското подрачје, реката Изе се влева во Алер. Соседни општиниСледниве општини се граничат со градот Гифхорн. Почнувајќи од север надесно се (сите во округот Гифхорн): Вагенхоф, Везендорф, Варенхолц, Засенбург, Калберла, Изенбител, Рибесбител, Лајферде, Миден и Умерн. Градски единициГрадот Гифхорн се состои од градското јадро со својот Стар град, како и местата Гамзен, Кешторф, Нојбокел, Вилше и Винкел.[2] ИсторијаГифхорн бил првпат споменат во 1196 година. Бил сместен на преминот на две важни трговски патишта: „Солениот пат“ (Salzstraße) како главна рута за сол помеѓу Линебург и Брауншвајг и „Пченкарниот пат“ (Kornstraße) помеѓу Целе и Магдебург. ОбразованиеВо градот се наоѓаат повеќе средни училишта и гимназии. СообраќајЖелезничката станица во Гифхорн се наоѓа во јужниот дел на градот. Во близина на градот се пресретнуваат правците Б4 и Б188. Меѓународни односиГифхорн е збратимен со следниве градови:
Личности
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|