Горна Бањица
Горна Бањица — село во Општина Гостивар, во областа Горни Полог, во околината на градот Гостивар. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Горни Полог, оддалечено само 3 километри јужно од Гостивар. Речиси е споено со населбата Долна Бањица, која претставува дел од урбаната зона на Гостивар. ИсторијаСелото Горна Бањица се споменува во повеќе документи. Околу средината на XI век византискиот цар Роман III го подарил на манастирот св. Горг кај Скопје, а тоа го потврдиле и бугарскиот владетел Константин Асен во 1265 година и кралот Милутин српски во 1300 година во нивните грамоти. Горна Бањица е наведена и во пописните дефтери од 1452/53 и 1467/68 година. Денешното село Горна Бањица лежи на средновековната локација во североисточното подножје на Градиштето, има стари гробишта и средновековно црквиште. Малку посеверно од него бил основан манастирот Гостивар, спомнат во црковните документи од 1318 и 1343 г. Покрај манастирот постепено се ширело истоимено село, кое во пописниот дефтер од 1452/53 г. броело 88 куќи, а во 1467/68 г. 108 куќи. Истото се развивало на сметка на соседната Долна Бањица, за на крајот да го достигне денешниот обем и значење како центар на Горниот Полог.[2] На крајот на XIX век, селото е дел од Полошката нахија во Гостиварската каза на Отоманското Царство. На 11 ноември 1944 во Гостивар, во центарот на градот, албанските балисти стрелале шестмина македонски патриоти, меѓу кој и Васил Пејчиновски од Горна Бањица. Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3] СтопанствоГлавна стопанска гранка на населението е земјоделството. Селото Горна Бањица во Македонија и на Балканот е позната по производството на висококвалитетниот црвен благ кромид, кој е најдоминантната полјоделска култура што се одгледува во селото, а која во минатото била извезувана и со товарни возови низ Македонија и Југославија. Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горна Бањица живееле 435 жители, 400 Турци и 35 Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горна Бањица имало 32 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 600 Турци и 50 Македонци.[6] Горна Бањица е село во Гостиварско и Полог, така што во 1961 година броело 1.108 жители, а во 1994 година 1.662 жители, од кои 422 биле Албанци, 1.239 Турци и 1 останат. На пописот од 2002 година, селото имало 4.423 жители, од кои 1.196 Македонци, 1.636 Албанци, 1.243 Турци, 315 Роми, 4 Срби и 29 останати.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.436 жители, од кои 839 Македонци, 811 Албанци, 1.053 Турци, 610 Роми, 1 Србин, 15 останати и 107 лица без податоци.[8] На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]
РодовиГорна Бањица е мултиетничко, автохтоното турско село заедно со албанско-македонско население. Според истражувањата од 1946 година, родови во селото се:
Општествени установиСамоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постојат избирачките места бр. 515 и 516 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11] На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.747 гласачи.[12] Културни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортВо август 2015 година е формиран фудбалскиот клуб Трабзонспор кој во сезоната 2018/19 за првпат игра во третата лига Запад. ИселеништвоОд Македонците се знае за следните иселеници: Бацковци (3 к.) иселени се во поречкото село Заград. Олиовци (9 к.) иселени се во поречкото село Битово. Јаковчевци (5 к.) иселени се во селото Здуње. Иселеници има и во јужна Русија, каде иселениците создале истоимено село.[10] Наводи
Надворешни врски |