Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓа на областа Дебарска Жупа, сместено на југозападната падина на планината Стогово.[2] Селото е планинско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 1.000 до 1.170 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 19 километри.[2]
Подрачјето на Коџаџик е населено уште од железното време, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[3]
Во близина на денешното село се одвивала опсадата на Светиград во 1449 година, кога отоманските сили го поразиле Скендербег.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 12,6 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 741 хектар, на шумите отпаѓаат 213 хектари, а на обработливото земјиште само 28 хектари.[2]
Селото, во основа, има главно сточарска функција. Во селото работат услужни објекти.[2]
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:
Стари родови:Ѓулчелер (2 к.), Салолар (4 к.), Топал-Скендерлер (4 к.), Коранлар (1 к.), Ѓулолар (5 к.), Шопелер (2 к.), Шемшилер-Амамџик (3 к.), Бешколар (2 к.), Струњак (1 к.), Дере-Аметлер (1 к.), Караумерлер (1 к.), Торолар (1 к.), Маторолар (13 к.), Есатлар (6 к.), Ѓалолар (3 к.), Голалар (4 к.), Садолар или Шаинлар (6 к.), Ефатлар (2 к.), Чартолар (5 к.), Сератли (3 к.), Вучелер (2 к.), Клаќелер (1 к.), Ајдин-Бајрактар (1 к.), Кумитлар (1 к.), Карафеизолар (1 к.), Голелер (3 к.), Осман-Пеливанлар (1 к.), Карадемирлер (2 к.), Туралар (1 к.), Кара-Адилар (1 к.), Пингалар (3 к.) и Пилелар (9 к.), потекнуваат од најстарите доселеници, кои дошле уште во времето кога овде владеел Скендербег. Нивното потекло е од областа Коња во Турција. Овде се доселиле и сточари Јуруци кои ги паселе овците на планината Стогово. А некои родови возможно е да имаат словенско-македонско потекло.
Понови доселеници:Шкодролар (6 к.), доселени се од околината на Скадар во Албанија во 1810 година, дошол прадедото на Ајдин (жив на 83 г. во 1954 година); Шпателер (1 к.), доселени се од некое место Шпат во Албанија во 1850 година; Бургазџилер (1 к.), доселени се од Бургас во Бугарија во 1878 година; Миминовци (1 к.), доселени се од селото Брештани во 1916 година и Миртолар (1 к.) доселени се од селото Горно Елевци во 1936 година.
Иселеништво
Од старото македонско население кое некогаш живеело во селото има иселеници во некои дебарски села.
Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото исто така седиште на некогашната општина Коџаџик, која била составена од селата Брештани, Коџаџик, Кочишта, Новак, Осолница и Праленик.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0568 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
↑ 2,02,12,22,32,4Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 161.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.