Селото се наоѓа во Пелагонија, во средишниот дел на Битолското Поле, во јужниот дел на територијата на Општина Могила.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 592 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 24 километри.[2]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Еленчица, Стари Лозја, Бања, Грашишта, Бањски Ливади, Росулица, Белутраци, Папрас, Плоча, Дупен Камен, Пајчина Дупка, Бењоски Порој, Рогувчица, Коњарски Ливади, Шипо, Рупка, Клисури, Тврди Град, Широка Падина, Расје, Црвеница, Горни Чаир, Метилајца, Слатина, Круша, Потка, Браненица, Демирица, Арапски Гробишта, Коњарево и Бањево.[3]
Селото има збиен тип и е поделено на две маала: Горно и Долно.[3]
Историја
Месностите Коњарево и Бањево се наоѓаат кон селото Црничани, во подножјето на возвишението Тврди Град. Таму сега се ливади и ниви. Биле пронаоѓани материјали и гробови.[3]
Традицијата наведува дека во минатото постоела голема населба на местото на денешното село. Од таа населба останале гробиштата, сега наречени Арапски Гробишта. Таа месноста сега се користи како пасишта, но уште може да се забележат забодени камења, кои мештаните во минатото ги користеле како градежен материјал.[3]
Денешното село, пак, не е многу старо. Го основале доселенички родови во текот на XIX век. Најголемиот број на родови се доселиле во текот на турското владение.[3]
Атарот зафаќа простор од 13 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 939,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 203,8 хектари, додека шуми нема. Селото има исклучително полјоделска функција.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дедебалци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 20 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]
Дедебалци е средно село по големина, но со намалување на бројот на жители. Во 1961 година броело 561 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 322 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Дедебалци живееле 288 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 220 жители, од кои 211 Македонци, 1 Србин, 1 останат и 7 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Дедебалци е македонско православно село, сите родови во селото се доселени.[3]
Според истражувањата од 1956 година, родови во селото
Доселеници:Љаковци или Доктуровци (9 к.), доселени се од Бучин кај Крушево. Таму живееле тројца браќа. Тие еднаш отепале Турчин и затоа се иселиле. Еден брат (Степан) дошол овде. Го знаат следното родословие: Петре (жив на 33 г. во 1956 година) Анѓеле-Илија-Аце-Коте-Степан), вториот брат се населил во Алинци (родот Измировци), а третиот во Добрушево (родот Таировци); Измировци (2 к.), деленици од Љаковци; Бодловци (6 к.), доселени се од некое село во Мариово, од каде дошол некој Бодло. Го знаат следното родословие: Димитрија (жив на 61 г. во 1951 година) Стојко-Ристе-Боше-Бодло кој се доселил, тогаш е основано денешното село; Емишковци (2 к.), гранка се од Бодловци; Курцовци (2 к.), и тие се доселени од Мариово; Зоњовци (10 к.), потекнуваат од предокот Петко, кој терал нешто по патот Прилеп-Солун, тогаш на поминување го запознал селото и останал во него, некои велат дека Петко бил по потекло од Бугарија; Багашовци (11 к.) од Будаково прешле во Добрушево, па од таму во Дедебалци; Секуловци (1 к.), доселени се однекаде; Ќосевци (6 к.), доселени се од Црничани; Гаштевци (2 к.), доселени однекаде; Домузовци (3 к.), доселени се од Долно Агларци, а таму биле доселени од Кајлари, Егејска Македонија; Пижаровци (1 к.), доселени се од прилепското село Вранче; Манаровци (2 к.), доселени се од Радобор; Чурлиновци (4 к.), и тие се доселени од Радобор; Будаковци (3 к.), доселени се 1925 година од селото Будаково; Беличани (3 к.), доселени се од селото Белица во Кичевско во 1936 година; Чифлигани (1 к.), доселени се 1936 година од Ношпал; Кочовци (1 к.), доселени се од Смилево, Железник; Тренга (1 к.), доселени се 1943 година од Путурус, таму припаѓале на Белевци; Куклата (1 к.), доселени се од Горно Агларци, таму припаѓале на родот Станчевци доселен од Преспа; Илинци (4 к.) и Илинци (5 к.), првите се доселени од селото Големо Илино, а вторите од Мало Илино во 1945/46 година.
Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Добрушево.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.
Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Будаково, во која селото Дедебалци, се наоѓале и селата Алинци, Арматуш, Будаково, Горно Чарлија, Далбеговци, Добрушево, Долна Чарлија, Мусинци, Ношпал, Путурус, Радобор, Трап и Црничани. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина, во која влегувале селата Арматуш, Дедебалци, Далбеговци, Горно Агларци, Долно Агларци и Црничани.
Се знае за следниве иселеници: Головодовци (6 к.) и Волканови (2 к.), кои живеат во Долно Агларци; Чекутковци (2 к.), живеат во Логоварди; Шутаковци (2 к.), живеат во Алинци и Мицевци (4 к.), живеат во Стрежево.[3]
Бројот на иселеници е над 200 лица. Најголем дел заминале во градовите Скопје, Битола и Демир Хисар, но и во прекуокеанските земји и Европа.[20]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 14 октомври 2019.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)