Ношпал
Ношпал — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола. Потекло на иметоИмето на селото првпат е споменато во 1568 година и е изведено од лично име врз основа на именката „ношт“ (ноќ).[2] Според кажувањата на постарите жители, името е во тесна врска со самата историја на селото. Имено, првите жители на селото биле Пајонци од Мариово и Мијаци од Порече кои се занимавале со овчарство. За време на колењето на животното, нож се користел само при одземањето на животот на животното, а останатиот процес вклучуваќи го и дерењето на кожата бил изведен со рака, палците ја имале улогата на ножеви. Со кованица од зборовите „нож“ и „палец“ се добило името Ношпал. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во Пелагонија, во северниот дел на Битолското Поле и во северниот дел на територијата на Општина Могила.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 588 метри.[3] Тоа е полско село, лево од Црна Река, во средишниот дел на Пелагонија. Околни села се: Клепач, Добрушево, Вашарејца и други.[4] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Батински Пат, Горни и Долни Ливади, Најденица, Гладно Поле, Круша, Лимејца, Тумба, Меѓуанови, Бела Црква и други.[4] Селото има збиен тип. Одредени делови од селото се нарекуваат по родовите.[4] Од општинското средиште Могила е оддалечено 16 километри, а од градот Битола е оддалечено 26 километри.[5] Ваквата местоположба блиску до реката Црна која предизвикувала чести поплави била причина селото да биде поплавено во големата поплава во февруари 2015 година.[6] ИсторијаОколу 500 метри северно од селото е месноста Бела Црква, каде што има остатоци од ѕидови, мермерни камења и се наоѓа кладенец. Меѓу мештаните се верува дека била римска црква. Таму во минатото биле ископани и гробови. И на месностите Тумба и Под Тумба, во близина на коритото на реката, биле пронајдени камчиња и ќерамиди. Јанов Гроб е уште една месност со старини.[4] Ношпал се наоѓа на стариот пат Битола-Прилеп. По преданието, по тој пат се движеле Татарите, турската војска и други.[4] Не се знае кога е основано денешното село. По една група на родови, се верува дека е доста старо село. Во пишаните извори првпат се споменува помеѓу 1650 и 1750 година. .[4] Во XIX век, Ношпал било села во Битолската каза на Отоманското Царство. Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[7] СтопанствоАтарот зафаќа простор од 10,5 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 921 хектар, па според тоа селото, во основа, има полјоделска функција.[3] Економијата на село Ношпал е централизирана околу земјоделство и сточарство. Секоја година во Ношпал се произведува голема количина на тутун, пиперка и жито, додека пак сточарството главно се состои од крупен добиток и живина во мала мера за домашни потреби и дел за продажба. Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ношпал живееле 240 жители, сите Македонци.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ношпал имало 320 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[9] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ношпал се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 28 куќи.[10] За време на Првата светска војна, Ношпал бил дел од општината Добрушево и имал 342 жители.[11] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[12] Селото е средно по големина, но со намалување на бројот на жителите. Така, во 1961 година селото броело 572 жители, а во 1994 година 360 жители, македонско население.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Ношпал живееле 348 жители, од кои 347 Македонци и 1 останат.[13] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 294 жители, од кои 280 Македонци и 14 лица без податоци.[14] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиНошпал е македонско село.[4] Родови во селото се:
Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Добрушево. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Будаково, во која селото Ношпал, се наоѓале и селата Алинци, Арматуш, Будаково, Горна Чарлија, Далбеговци, Дедебалци, Добрушево, Долна Чарлија, Мусинци, Путурус, Радобор, Трап и Црничани. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Добрушево, во која влегувале селата Горна Чарлија, ДОлна Чарлија, Добрушево, Мусинци и Ношпал. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0221 според Државната изборна комисија, сместено во домот на културата.[19] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 295 гласачи.[20] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 288 гласачи.[21] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
ИселеништвоСе знае за следниве иселени родови: Овчаровци (3 к.), Ношпалци (2 к.) и Ризановци (1 к.), живеат во селото Добрушево; Бозјаковци (4 к.) и Ношпалци (1 к.), живеат во Могила; Стојковци (2 к.), живеат во Горна Чарлија; Маџарот (1 к.), живее во Оптичари; Пројковци (2 к.), живеат во Трн (село); Прпачо (1 к.), живее во Горно Оризари (населба); Муртановци (2 к.), живеат во Вашарејца и Чифлиганци (1 к.), живеат во Дедебалци.[4] Павлевци, еден од најстарите родови во селото, целосно изумрел. Од селото има иселено над 200 жители. Најголемиот дел се има преселено во градовите Битола, Прилеп, Скопје и Охрид, а голем дел имаат заминато и во прекуокеанските земји и низ Европа.[5] Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|