Дрен (Демиркаписко)За други истоимени места, погледајте Дрен (појаснување).
Дрен — село во Општина Демир Капија, во близина на градот Демир Капија. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Демир Капија, сместено на десната страна на реката Бошавица.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 270 метри, а од градот Неготино е оддалечено 27 километри.[2] Од градот Демир Капија, селото е оддалечено 7 километри. До селото води асфалтен пат. Дрен се наоѓа на ниска тераса во долината Раковец. Во самото се наоѓаат чешмите Ѓуровец, Марковец, Студена Глава, Змијарница, Коларница, Светелник и Стародренска Чешма.[3] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Огради, Оризарски Гробишта, Оризарски Лозја, Почивало, Капиниште, Кокачеви Ниви, Вчек, Локвите, Брајови Ниви, Колниш, Кошково Гумно, Усов Гроб, Паруш-Брег, Калуѓер, Липова Падина, Илимов Рид, Големи Лаз, Голи Рид, Думково Бачило и Краставец.[3] Селото има збиен тип со издолжен облик, поделено на Горно и Долно Маало, а помеѓу нив се наоѓа сретселото.[3] Дрен се одликува со традиционална градителска архитектура.[4] ИсторијаСелото најпрвин се наоѓало на друго место наречено Стар Дрен, од каде мештаните се иселиле кон крајот на XVIII век поради арамии. По напуштањето на Стар Дрен едно време се криеле во „дупки“ кај Балија, а на почетокот на XIX век се симнале во долината и го основале селото Дрен како чифлиг. На местото на некогашното село се наоѓаат остатоци на куќи, чешма, црква и гробишта. Во близина се наоѓа и месноста Калуѓер, каде се наоѓал порано манастир.[3] Селото било христијанско и од чифлички тип од неговото основање.[3] СтопанствоАтарот има средна големина и зафаќа простор од 16,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.406,5 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 159,5 хектари, а на пасиштата отпаѓаат само 42 хектари.[2] Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција. Во минатото во селото работела продавница.[2] Селаните главно се занимавале со земјоделство и сточарство.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Дрен живееле 90 жители, сите Македонци христијани.[5][6] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дрен имало 120 Македонци, сите под егзархијата.[5][7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8] Селото е мало и во 1961 година броело 308 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 151 жител, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Дрен имало 94 жители, од кои 90 Македонци и 4 Срби.[9] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 33 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиДрен е христијанско македонско село.[3] Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:
Општествени установи
Самоуправа и политикаВо XIX век, Дрен било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Демир Капија, која била една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од Општина Демир Капија. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на некогашната општина Неготино во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот 1955-1957 селото влегувало во рамки на општина Демир Капија. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Демир Капија, во која покрај селото Дрен, се наоѓале и селата Бесвица, Бистренци, Демир Капија, Драчевица, Иберли, Клисура, Копришница, Корешница, Кошарка, Человец и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Демир Капија, во која влегувале селата Демир Капија, Драчевица, Дрен, Копришница, Клисура и Чифлик. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1245 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна продавница. Во рамки на избирачкото место е опфатено и селото Копришница.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 46 гласачи.[15] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 41 гласач.[16] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|