Населбата се наоѓа во областа Влахомеглен, во западниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Селото е сместено во југоисточната падина на планината Кожуф, чиј атар на тесен дел се допира со подрачјето на Општина Кавадарци.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 540 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 20 километри.[2]
До селото води асфалтен пат преку селото Негорци, кој не е во целост довршен.
Во североисточниот дел на атарот, близу границата со Кованец се наоѓало некогашното село Брлево.
Атарот е мошне голем и зафаќа површина од 71,9 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 5.895 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 302 хектари.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[7]
Од Серменин се иселил голем број од населението и тоа преминало од средно во мало село, населено со македонско население, доведено до фаза на распаѓање. Така, во 1961 година селото броело 502 жители, а во 1994 година бројот се намалил дури на само 18 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Серменин имало 18 жители, од кои 16 Македонци и 2 Срби.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Поранешно училиште, каде во 1944 година се одржал првиот курс по учители за регионот. Денес, истото е руинирано и зачувана е само спомен-плочата поставена десно од влезот.
Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Серменин, во која единствено село било Серменин.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Негорци, во која покрај селото Серменин се наоѓале и селата Кованец, Негорци, Прдејци и Смоквица.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 360 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на деловен објект - продавница.[13]
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑ 19,019,1Динев, Ангел (1983). Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура-Скопје. стр. 331. ISBN323.285.497.3 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).