Игор Исаковски
Игор Исаковски (Скопје, 19 септември 1970 - Скопје, 15 декември 2014) — македонски поет, прозаист, преведувач, уредник[1]. ЖивотописИсаковски е роден на 19 септември 1970 во Скопје. Работел како радио и ТВ водител од 1991 до 1999 годинаи потоа од 2001 од 2003 година, на различни честоти.[2] Тој бил основач и директор на културната установа „Блесок“, а работел и како главен и одговорен уредник и веб-мастерот на истоименото списание. Исто така бил уредник на списанието на Независните писатели на Македонија, „Наше писмо“. Дипломирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност во Скопје, а магистрирал на Средноевропскиот универзитет во Будимпешта (Родови и културолошки студии). Починал на 15 декември 2014 во Скопје.[3] ТворештвоИсаковски преведувал поезија, проза и есеи, од (и на) македонски, англиски, словенечки, српско-хрватски-босански-црногорски. Во негов превод, на македонски јазик се објавени 60 книги, меѓу кои оние на:[4] Алеш Дебељак (2), Лудвиг Гиц, Марија Тодорова, Душан Гојков, Клод Фримен, Роберт Млинарец, Јосип Ости (8), Рони Сомек, М.Т.Ц. Кронин, Горан Глувиќ, Томас Шапкот, Џек Галмиц, Герит Бусинк, Ханс ван де Ваарсенбург, Том Петсинис (2), Сибила Петлевски (2), Хенк ван Керквијк (Дејвид Винвуд), Павле Горановиќ, Предград Луциќ, Хенри Милер, Оља Савичевиќ Иванчевиќ, како и една антологија на црногорската поезија.
Објавени дела
Писма (роман, 1991), Црно сонце (поезија, 1992), Експлозии, трудна месечина, ерупции… (раскази, 1993), Вулкан – Земја – (поезија, 1995), – Небо (поезија, 1996, 2000), Гравири - Blues говорница (многу куси текстови, 2001), Песочен часовник (раскази, 2002), Длабоко во дупката (поезија, 2004), Пливање во прашина (роман, 2005, награда Прозни мајстори, 2005), Blues говорница II (многу куси текстови, 2006, годишна награда за најдобар визуелно-графички дизајн на печатена книга, 2007), Стажирајќи за светец Архивирано на 27 јуни 2008 г. (поезија, 2008), Ноќта е најтемна пред разденување Архивирано на 25 февруари 2010 г. (поезија, 2009), „Дека да“ (поезија, 2015).[4]
Sky (поезија на англиски, 1996, 2000), Sejanje smeha (избрана поезија на српски и македонски, 2003), I & Tom Waits (избрана поезија на македонски и англиски, 2003), Sandglass (раскази на англиски, 2003)
Ернест.01 (избор од раскази објавени во Блесок, 1998-2003), Морфеј.01 (избор од поезија објавена во Блесок, 1998-2003, автори родени помеѓу 1960-1977), Морфеј.02 (избор од поезија објавена во Блесок, 1998-2003, автори родени помеѓу 1930-1959) Наводи
Надворешни врски |