Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:
Доселеници
Меметолар или Скавица (25 к.) доселени се од селото Скавица во Љума, северна Албанија. Овде се доселиле преку превојот Враца на Шар Планина. Го знаат следното родословие: Шефик (жив на 65 г. во 1947 година) Али-Емрула-Јакуп-Ајваз-Алија, кој се доселил. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство), Врапчиште и Сенокос.
Монолар или Дреч (26 к.) доселени се од некое село во Албанија. Според П. Јовановиќ, доселени се од некое село на планината Кораб. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Турција (едно семејство).
Фератолар или Хасњан (23 к.) доселени се од Хаса во северна Албанија (некои кажуваат од Бицаја во Љума). Постои и трето предание според кое се доселени од областа Матија. Имаат иселеници во Пожаране, Пирок, Сенокос и Турција (три семејства).
Реч (28 к.) доселени се од истоименото село во Калиса во северна Албанија. Имаат иселеници во Турција (едно семејство).
Рухи Бакиу (р. 1964) - дипломиран правик, публицист и член на РКЕ[13]
Култура и спорт
Иселеништво
Од Албанците покрај наведените иселеници во Тетово, Гостивар, Турција и некои полошки села. Иселени се и Таироски во селото Новаќе. Калишт во селото Сенокос. Калиш во селото Радуша.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Именуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 5574/1 од м.декември 2007, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 156/07.