Ново Село (Полошко)За други истоимени места, погледајте Ново Село.
Ново Село — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар. Географија и местоположбаСелото лежи во Полошката Котлина. Во близина се селата Зубовце и Врапчиште, а истото е оддалечено 8,3 километри од центарот на градот Гостивар. ИсторијаСтопанствоДемографија
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ново Село живееле 72 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Село имало 72 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3] Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 19 жители, сите Македонци.[4] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиНово Село е македонско село. Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
Општествени установиСамоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 453 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Врањовце.[10] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 697 гласачи.[11] Културни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоПоради лошата географска положба, селаните од Ново Село се или биле приморани да функционираат надвор од селото, бидејќи селото не е опремено со продавници и останати места кои се потребни за опстанок. Затоа некои селани доброволно се преселиле од селото во соседно Зубовце кое е и најблиску до селото, или потполно се преселиле во градот Гостивар. Наводи
Надворешни врски
|