Кисела Вода (Липково)
Кисела Вода — археолошко наоѓалиште во кумановското село Липково. Претставува населба од хеленистичкото и римското време и средновековна некропола. На 2 км југозападно од селото, во непосредната близина на чешмата, при конструкцијата на патот се откриени неколку гроба во кој покојниците биле многу добро зачувани (природно мумифицирани), благодарение на влажната почва во која се наоѓале телата положени во длабени дабови дрва, низ која поминува извор на кисела вода кој целиот терен го држи под вода (најверојатно водата сама по себе имала конзерваторски својства). Еден покојник се чува во Музејот на Судска медицина при Медицинскиот факултет во Скопје. На површината се забележуваат и фрагменти од керамички садови, од постара античка населба чија фортификација се наоѓа на врвот на ридот што се издига во непосредната близина. Од Кисела Вода потекнуваат ара и една база со латински натпис посветен на Митра од страна на свештеникот Епикадус.[1] Поврзано
Наводи
|