Селото се наоѓа во областа Жеглигово, во западните падини на Скопска Црна Гора, на десниот брег на Липковска Река. На 2 километри од Липково се наоѓа Липковското Езеро. Оддалечено е 13 километри западно од Куманово. Селото е рамничарско, на надморска височина од 450 метри.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.000 Албанци.[4]
Населението на селото се зголемувало, така што има население од 1.507 жители во 1961 година, а во 1994 година живееле 2.339 жители.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.644 жители и претставува најголемото село во областа Жеглигово и околината на Куманово. Во него живееле 2 Македонци, 2.631 Албанец и 11 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.138 жители, од кои 2.104 Албанци, 1 Турчин, 1 останат и 32 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Дерњан (53 куќи), каде што се доселил кон крајот на 18 век. Потекнува од местото Дерњан од областа Мат (северна Албанија).[11]
Личности
Родени
Реџеп Селмани (1964-), доктор по медицински науки, универзитетски професор по областа хирургија и дигестивна хирургија при Медицинскиот факултет во Скопје и министер за здравство на С.Р Македонија.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“