Константин Кирков
Константин Кирков (познат и како Костадин Кирков; 1882 - 1 мај 1903 (18 април 1903 стар стил) — македонски револуционер - анархист, член на тајниот терористички кружок Гемиџии кој ги извел познатите Солунски атентати кон крајот на април 1903 година во Солун. ЖивотописРоден е во Велес во видно македонско трговско семејство. Го сметале за инкарнација на „возвишен идеализам“, за голем индивидуалист и фанатичен приврзаник на анархизмот. Надворешно важел за младич со префинет изглед. На 28 април 1903 година (нов стил) Кирков прво ги минира цевките низ кои поминува вода и гас кај т.н. серска железничка станица во Солун, а потоа фрла една бомба помеѓу луѓето пред „Гранд Хотел“.[1] На 1 мај загинал при обидот да ја крене во воздух телеграфската станица во текот на Солунските атентати, а тоа воедно бил и последен атентат.[2][3][4] Кирков бил вљубен во убавата внука на сопственикот на тогашната Отоман банк, Алис. Наводи
Литература
|