Лере (Долна Саксонија)За други истоимени места, погледајте Лере.
Лере (германски: Lehre) — општина во округот Хелмштет, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 13 километри југозападно од Волфсбург и околу 12 километри од Брауншвајг.[2] Своето име, општината го добила на 10 јуни 888 година[3] и е составена од осум околни села: Бајенроде, Есехоф, Есенроде, Флехторф, Грос Брунсроде, Клајн Брунсроде, Лере и Вендхаузен.[4] ГеографијаСоседни општиниЛере се граничи со следниве градови и општини (надесно почнувајќи од север): Општински единициИсторијаВо 1934 година започнала изградбата на воениот институт во шумата Кампшти, 2,4 километри источно од Лере. Биле изградени повеќе од 100 објекти на површина од 255 хектари и биле поврзани со железница. Институтот произведувал муниција за пешадиско оружје, антитенковски мини, оклопи за тенкови и артилериски пушки. До февруари 1945 година биле пренесени 6.000 тони хемиско оружје до институтот. Не бил бомбардиран во текот на Втората светска војна и до крајот на војната, повеќето од овие оружја останале на местото. Во 1945 година, во шумата имало и руски воени заробеници. На 11 април 1945 година, областа била ослободена од американската војска и воениот институт бил окупиран без отпор. Во средината на 1945 година, областа била предадена на британската војска, кои имале присуство до 1951 година. Денес, многу од првичните градби сѐ уште постојат и некои се во употреба.[5] СообраќајПатенЛере се наоѓа на покраинскиот пат Л295, кој обезбедува пристап со автопатот А2 и А39. ЖелезничкиЖелезничкиот сообраќај во Лере започнал во 1904 година, поврзувајќи го Брауншвајг со Фалерслебен. Оваа линија официјално била укината во 1998 година по отворањето на кругот Ведел, кој ги поврзува Волфсбург и Брауншвајг, одминувајќи го Лере. Знаменитости
Познати луѓе
Наводи
Надворешни врски
|