Леуново
Леуново — село во Општина Маврово и Ростуше, сместено на брегот на Мавровското Езеро. Географија и местоположбаСелото Леуново се наоѓа во Мавровската Котлина, на источниот брег на Мавровското Езеро. Административно претставува дел од Општина Маврово и Ростуше, западна Македонија, сместено во источниот дел на општината. Воедно, селото претставува и дел од Националниот парк Маврово. Се наоѓа во пониските делови на планината Бистра. Селото е поврзано со асфалтниот локален пат P-413 со соседните села Никифорово и Маврово, пат кој го обиколува Мавровското Езеро. Од градот Гостивар е оддалечено 25 километри. Во близина на селото се наоѓа и браната „Леуново“, која е составен дел од мавровскиот хидроенергетски систем. Самата брана била обновена во текот на 2013 година, при што била зајакната нејзината градба, а самата целина била хортикултурно средена, а на самата брана била изградена патека.[2] ИсторијаСелото првпат се споменува во текот на XIII век во грамотата на Константин Тих. Според мештаните, селото првобитно се наоѓало во месноста Ѓоновица, каде се среќаваат остатоци од средновековна населба.[3] Во поновата македонска историја, од Леуново потекнуваат бројни борци во НОБ за Македонија, при што самото село поднело 15 жртви. На 21 август 1943 година, селото е целосно запалено и изгорено од страна на балистичките банди. Во последните години селото се соочува со особени проблеми со електричното осветлување.[4] СтопанствоВо поново време, селото е насочено кон развој на селскиот туризам, притоа искористувајќи ги придобивките на близината на Мавровското Езеро и Маврово како зимски туристински центар во Македонија. Постојат повеќе пансиони и хотели. Население
Населението во селото започнало да се намалува по првите реформи и индустријализацијата на земјата во времето на Југославија, кога жителите започнале да се иселуваат по градовите, со што бројноста на селото започнала драстично да се намалува. Неповолно кон бројот на жители се одразило и потопувањето на Мавровската Котлина, како и плодното земјиште на селото. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Леуново имало 955 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Леуново имало 840 жители.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[7] Низ годините во селото Леуново, освен Македонци, живееле и помал број на Албанци, Турци и Срби. Според пописот од 2002 година, во Леуново живеат само 6 жители, сите Македонци.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 31 жител, од кои 27 Македонци и 4 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиЛеуново е македонско село. Според истражувањата од 1920-тите родови во селото биле:
Во селото некое време имало и Албанци. Они припаѓале на родовите: Голаовци и Аметовци (13 к.) доселени од Албанија.[14] Самоуправа и политикаСелото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Маврови Анови, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Ростуша, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на истата општина се наоѓало и во периодот 1955-1957. Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Никифорово, во која покрај Леуново се наоѓале и Маврово и Никифорово. Самата Општина Никифорово била дел од Гостиварската околија. Општината Никифорово постоела и во периодот 1950-1952 година. Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|