Тануше
Тануше — село во Општина Маврово и Ростуше, западна Македонија. Географија и местоположбаСелото е сместено во областа Горна Река, под планината Кораб. Атарот зафќа 16,7 км2 и се протега сè до врвот на планината.[2] Целата западна страна на атарот се граничи со Албанија. Западно од селото, во повисоките делови на атарот, течат Бабин Поток (Прои и Бабес) и Изворски Поток, кои потоа се спојуваат, образувајќи ја Рибничка Река. Таа во свиок го заобиколува селото од север и исток, и продолжува на југоисток крај селата Грекање и Рибница. ИсторијаСите села во Горна Река порано биле македонски. Во XIX век, Тануше како и останатите села во областа биле во процес на албанизација. Во XIX век Тануше било албанско село во Реканската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тапушани (Tapouchani) е село со 50 домаќинства сочинети од 126 жители; од нив 51 биле Албанци муслимани и 75 Албанци православни.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Танушане веќе било наполно муслиманско село и имало 350 жители Арнаути.[4] Се поставува прашањето колкав дел од нив биле вистински Албанци доселени од Албанија, а колку биле албанизирани (или неалбанизирани) Македонци. СтопанствоТануше има сточарско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. атарот опфаќа 1.204 ха пасишта, 402 ха шуми и само 51 ха обработливо земјиште.[2] НаселениеНа Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Танушани се води како чисто албанско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 80 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Албанци и 50 Македонци.[6] Населението на Тануше опаднало во првиот период на XX век, но по Втората светска војна тоа почнало да се опоравува. Селото се зголемувало во текот на наредните децении за да опадне на само 89 жители во првата половина на 1990-тите, а потоа да се намали за 5,5 пати во наредните години. Интересно е да се забележи дека во 1953 г. се заведени 17 лица кои се изјасниле како Македонци,[7] што значи дека сè уште имало жители со македонска свест. Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 16 жители, сите Албанци.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Албанци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установи
Личности
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|