Р’нковце или Р’нковци (албански: Hërkoc/Orkoc) — село во Општина Липково, во северниот дел на Македонија.
Географија и местоположба
Селото е сместено западните делови на Скопска Црна Гора, недалеку од патот од Липково кон Липковското Езеро. Лежи во планински предел, на надморска височина од 780 м, а атарот зафаќа површина од 2,8 км2.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.[4]
Селото доживеало двоен пораст во првите децении на XX век. Според пописите од 1953 и 1961 г. огромен дел од жителите на Р’нковце биле Турци.[5] Ова се сменило во текот на 1960-тите кога Турците се иселиле, а на нивно место дошле голем број Албанци. Така, од вкупно 201 жител во 1971 г. имало 17 Турци, 3 Македонци, а останатите биле Албанци. Во наредните пописни години во ’Рнковце живееле исклучиво Албанци, а населението покажува неколкукратен пад.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 21 жител, сите Албанци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според податоците од 1941 година, родови во селото се:[10]
Доселеници:Селманови (10 к.), Аметови (9 к.) и Данови (7 к.) потекнуваат од фисот Бериша. Овде се доселиле од местото Чаје во северна Албанија. Предците на овие родови биле блиски роднини.