Share to:

 

Македонски народни инструменти

Фолклорните инструменти по број:
1.Ќемане; 2.Гајда; 3.Двојанка; Дудук (мал и голем); 4.Кавали; 5.Дајре; 6.Тамбура; 7.Зурла (мала и голема); 8.Тарабука; 9.Тапан.

Македонски народни инструменти — музички инструменти што се користат на територијата на Република Македонија и во македонскиот регион каде што живеат Македонците, најчесто за фолклорни дела.

Челно се делат во две групи:

  • Традиционални македонски инструменти
  • Ориентални македонски инструменти

Традиционални и ориентални

Гајдата, кавалот, шупелката, дудукот, зурлата, двојанката, разните видови на тамбури, тапанот и дајрето се сметаат за традиционални инструменти. Со мали варијации, грнетата, ќемането, удот, лејтата, канонот, тарабуката или дајрето се сметаат за ориентални инструменти и обично се составен дел од ансамблите во ориентален стил наречени чалгии.

Традиционалните инструменти се употребуваат во различни комбинации:

  • Зурлата и тапанот можат да се слушнат на свадби и други слави каде се свири народна музика.
  • Гајдата е фундаментален составен дел од македонската музичка култура, особено по селата. Обично се свири со пар кавали, тамбура и некои ударни инструменти (тапанче/дајре/тарабука).
  • Тарабуката исто така се смета за традиционален инструмент, иако истата била донесена во Македонија во XV и XVI век век од Турците.

Класификација на македонските фолклорни инструменти

Дувачки

Ударни

Жичени

Наводи

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya