Мизија
Мизија (латински: Moesia) била римска провинција и историски регион во југоисточниот дел на Европа[1]. ПоложбаИмето „Мизија“ доаѓа од тракиското племе Мизи. На југ, регионот граничи со планинската верига Хемус (Стара планина), на север со Дунав, на запад со реките Дрина и Сава, и на исток со Црно Море. Мизија ти опфаќа денешните Северна Бугарија, Источна Србија, романска Северна Добруџа и Скопската Котлина во Македонија. ПоделбаМизија била формирана како посебна заедница кон 6 година од н.е.[2] Во 85-86 година император Домицијан ја поделил Мизија на два дела - Горна и Долна. Граница меѓу двете новоформирани провинции била река Цибрица во денешната Монтанска област. Територијата на провинцијата Долна Мизија ја опфаќала денешна Северна Бугарија (без Видинската област и дел од Монтанската област) со денешна романска Добруџа. Територијата на Горна Мизија ја опфаќала на запад денешна Источна Србија и Косово, на југ денешна Северна Македонија, на исток денешните Перничка област и Ќустендилска област на Бугарија, а на север граница била река Дунав. Дарданија (вклучувајќи ја денешна Северна Македонија до Билазора) до крајот на III век била дел од Горна Мизија,[3] но кон крајот на III век, истата станала посебна римска покраина која граничела со покраината Дакија. Населението на Горна Мизија веројатно е било од западно тракиско потекло, бидејќи жителите на Скупи се говорели на јазикот на племето Беси.[4] Западната граница на Античка Македонија започнувала од Пинд и продолжувала по Шарпланинскиот масив (Јабланица, Кораб, Дешат и планината Скард - денес Шар Планина). Шар Планина била тромеѓето помеѓу Македонија, Илирија и Дарданија.[5] Северната граница на Античка Македонија, од тука, се спуштала по падините на планината Јакупица, минувала низ современите градови Скопје и Велес,[5] по линијата на Сопот и Новачани, како и по долината на реката Пчиња и излегувала на Осоговските планини сè до Рила Планина.[5] Северната граница на Античка Македонија, подоцна била граница помеѓу римските провинции Македонија и Горна Мизија,[5], меѓутоа оваа граница била и граница меѓу две култури: источна (хеленска) и западна (латинска).[5] Кичевската котлина и Полог до неодамна погрешно се ставаа во провинцијата Горна Мизија,[5] спротивно од податокот на географот Птолемај дека овој дел влегувал во провинцијата Македонија. Плиниј истакнува дека Дасаретија се протегала на север од Епир сè до дивите барбари Дарданците.[6] Полошката и Кичевската котлина влегувале во македонската област Дасаретија. Денес Мизија нема никаков политички или административен статус во Бугарија и Србија. Називот се употребува воглавно во историски контексти. Наводи
Галерија
Белешки
Надворешни врски
Предлошка:Покраини во Римското Царство (4-7 век)
|