Аквитанска Галија
Аквитанска Галија (латински: Gallia Aquitania) била римска провинција[1]. Провинцијата е основана во 27 година п.н.е.и постоела до 5 век. Името го добило по келтското племе Аквитании, кое живеело на брегот на Атлантикот помеѓу Пиринеите и реката Лоара. Освоена била во 56 година п.н.е. од Публиус Личиниус Красус легат на VII легион[2]. Во почетокот, главниот град бил Медиоланум Сантонум денешен Сент, а подоцна и Бурдигала денешниот Бордо. Аквитанска Галија добила статус на империјална провинција во која биле вклучени областите помеѓу реката Лоара и Пиринеите. Според административната реформа на Диоклецијан (284-305) била поделена на на 3 провинции. За време на распадот на Римското Царство, Аквитанска Галија била доделена од императорот Хонориј на Визиготите и откако добила статус на федерацја, го основала во 418 година првото варварско царство на територијата на Западното Римско Царство, кое подоцна прераснало во Царството на Визиготите со центар во Толедо[3]. Наводи
|