Национален парк Западнопомерански лагуни
Национален парк Западнопомерански лагуни[1] (германски: Nationalpark Vorpommersche Boddenlandschaft) — најголем национален парк во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, сместен на бреговите на Балтичкото Море. Се состои од неколку полуострови, острови и лагуни во Балтичкото Море, на територијата на округот Западна Померанија-Риген. Националниот парк ги вклучува:
Национален парк се одликува со многу плитки води, кои се станиште на уникатна крајбрежна фауна. Сите делови на националниот парк се познати како места за одмор на илјадници жерави и гуски. Неговата површина изнесува 805 км2. СоставОколу половина од површината на паркот се наоѓа на отворено море; повеќе од една четвртина покриваат деловите на лагуните во синџирот Дарс-Цингст Боден, вклучувајќи го Западен Риген Боден. Заштитени се овие области со плитки води (во Балтичкото Море, границата на националниот парк е определена на десет метри длабочина) со нивната богата флора и фауна. Различното ниво на солта во соленикавата вода во Балтикот и плитките лагуни значајно придонесува на локалниот природен диверзитет. На пример, балтичката харинга ги посетува плитките заливи постојано за мрестење. Територијата на националниот парк вклучува делови на Дарс и полуостровот Цингст, како и поголем дел од островот Хидензе. Тесен премин на копно на островот Риген, веднаш до плитките лагуни, се наоѓа во рамките на националниот парк. Борови и букови шуми покриваат поголем дел од областа. Во непошумените области постојат мочуришта, благодарение на крајбрежното поплавување. Наводи
Надворешни врски
|