Острово (населба во Скопје)
Острово ― населба во северозападниот дел на Општина Аеродром. ГеографијаНа север и североисток граничи со реката Вардар (преку реката е населбата Ќерамидница), на исток со 13 Ноември, на југоисток граничи со населбата Аеродром, додека на југ и југозапад граничи со Мичурин. Северозападна граница му претставува ГЖС „Скопје“ (преку пругата е Маџир Маало). ИсторијаНаселбата започнала да постои по Втората светска војна. По катастрофалниот земјотрес од 1963, таму бил сместен згрижувачки камп односно т.н. шаторска населба Острово. Шаторската населба Острово бил најхигиенскиот згрижувачки камп од сите 27 кампови наменети за настраданите во земјотресот. Задолжени за изградбата на кампот биле градежните претпријатија Пелагонија и Монтер кои ископале и уредиле санитарни јазли, изградиле две батерии со 16 славини, приклучиле водоводна мрежа, соѕидале неколку казани и бањи со бојлери. Отпрвин кампот згрижил 800, a по спојувањето со шаторската населба Аеродром-Вардар над 4.000 лица.[1] ДемографијаНа територијата на населбата се наоѓа една дива ромска населба.[2] Според пописот од 2002, населбата Острово била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Аеродром, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче. Во таа статистичка целина живееле 72.009 жители од кои 96% биле Македонци, 2% Срби и 2% други народности како Роми, Турци и Власи.[3] Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, населбата Острово била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Аеродром, Горно Лисиче, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Реонски Центар. Таа статистичка целина имала 75.108 жители. Следува табела на народносната структура на населението:
Општествени установиСамоуправа и политикаИзбирачко место
Културни знаменитости
Наводи
Надворешни врски
|