Сарај — населба во Скопје. Сарај е административно седиште на истоимената општина и е поранешно село. Откако Сарај се здобил со статус на градска населба, Сарај претставува најзападниот дел на Скопје. Во рамки на Општина Сарај, населбата Сарај е единството населено место кое е дел од Скопје, а сите останати населени места во Општина Сарај, кои имаат рурален статус како села, не се составен дел од населеното место Скопје, туку се само дел од административната единица Град Скопје.
Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано со името Хусеин Шах и било мешано со христијанско и муслиманско население. Имало 20 христијански домаќинства и 2 муслимански. На овој попис биле забележани 49 мажи христијани, со 6 новороденчиња и 9 мажи муслимани без новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 120 жители.
За селото Сарај, Јордан Хаџи Константинов - Џинот забележал дека било „престоло на некого Усеин Шаха“ и дека и во тоа време биле видливи остатоците од историското минато.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Македонци, 100 Албанци и 50 други.[8]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
327
—
1953
565
+72.8%
1961
1.015
+79.6%
1971
—
—
1981
—
—
Година
Нас.
±%
1991
—
—
1994
—
—
2002
5.232
—
2021
6.265
+19.7%
Во 1961 година биле забележани 1.015 жители, а на пописот од 2002 година, селото има 5.232 жители, од кои 4.294 Албанци, 578 Македонци, 213 Роми, 12 Срби, 15 Турци, 78 Бошњаци и 42 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6.265 жители, од кои 307 Македонци, 5.379 Албанци, 11 Турци, 167 Роми, 4 Срби, 73 Бошњаци, 1 останат и 323 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Врескало (5 к.) доселени се во 1918 година од селото Грчец. Таму биле староседелци.
Арцика (1 к.) доселени се од селото Грчец. Таму биле доселени од Албанија, или пак Горна Река.
Укалар (2 к.) доселени се од селото Грчец. Таму имале истоимени роднини.
Арун (1 к.) доселени се од селото Нерези. А таму биле доселени од Албанија.
Турски
Муртезан (4 к.) доселени биле од Скопје. Овде се населиле на имотите на иселените македонски родови.
Ромски
Шаиновци (2 к.), Синановци (2 к.), Незир (1 к.), Кадрија (1 к.), Рамадан (1 к.), Ќерим (1 к.), Маљо (1 к.) и Весел (1 к.) они до 1940-тите не биле постојани жители на селото Сарај. Нивното потекло е непознато.[15]
↑Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
↑„Војната донесе пруга, а железничарите населба“, Публика - неделен политички прилог, број 300, сабота, 24 септември 2016, стр. 2-3.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“