Премиер на Чешка
Премиер на Чешката Република (англиски: Předseda vlády České republiky, „Претседател на владата на Чешката Република“) — шеф на владата на Чешка кој со својот кабинет раководи со државата и одговара пред Претставничкиот дом на парламентот. Тековниот премиер, Петр Фијала, водач на ОДС е тринаесеттиот на оваа функција, назначен на 28 ноември 2021 година. Премиерот не се бира на избори, туку него го назначува Претседателот на Чешка. Владата што ќе ја состави премиерот мора да добие доверба во Претставничкиот дом за да може да работи. ОвластувањаБидејќи Чешка е парламентарна република, премиерот и владата одговараат пред Претставничкиот дом. Според уставот, премиерот мора да ја има довербата на парламентот. Доколку ја изгуби, дава оставка и претседателот бира нов премиер. Премиерската функција е најмоќната во државата бидејќи тој ги назначува министрите и заседава со владата. СедиштеСедиштето на премиерот се наоѓа во Крамаржовата вила на ул. Гоголова бр. 212/1, Храдчани, Прага. Изградена е меѓу 1911 и 1914 г. и е дело на виенскиот архитект Гридрих Оман.[1]
Список на премиериНаводи
Надворешни врски
|