Претседател на Русија
Претседателот на Руската Федерација (рус. Президент Российской Федерации) е шеф на државата и врховен командант на Руската Федерација. Иако самиот устав не одредува дека претседателот е шеф на извршната власт, извршната власт де факто е поделена помеѓу претседателот и премиерот (шефот на владата). Моментален претседател на Русија е Владимир Путин во својот втор мандат (2012-). Пред 25 декември 1991 г. шефот на владата се нарекувал Претседател на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република (руски: Президент Российской Советской Федеративной Социалистической Республики). Услови за функцијатаСпоред Рускиот устав, секој кандидат за претседател мора да биде руски државјанин, да има барем 35 години и постојано да живеел во Русија најмалку 10 години. Уставот налага дека едно лице може да служи најмногу два последователни мандата, но бројот на мандати е неограничен. Должината на мандатот е шест години. Пред 2012 година беше четири години. РезиденцииГлавната работна резиденција на претседателот е Сенатот во Московскиот Кремљ[1]. На располагање стои и Големиот Кремљски дворец (церемонијална резиденција) и таканаречената „XIV зграда“[1] (резервна резиденција). Тековната станбена резиденција на претседателот е „Ново Огарјово“ (руски: Ново-Огарёво). Вон Москва, претседателот има разни други [2].
ПревозЗа копнениот превоз на претседателот е задолжена Гаражата за посебни намени[3], оддел во рамките на Федералната служба за обезбедување. За воздушниот превоз на претседателот е задолжен авиопревозникот „Росија“ (Россия)[4].
Претседателскиот авион ги има истите шари како редовните авиони на „Росија“, освен тоа што на опашката е истакнат грбот или претседателскиот стандард наместо знамето на Русија. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|