Ракитец
Ракитец — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 519 жители[2], со што селото се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3] Географија и местоположбаРакитец се наоѓа во средишниот дел на Општина Конче, сместено на планината Смрдеш на надморска височина од 554 метри. Селото е оддалечено шест километри северно од општинското средиште Конче, а 17 километри јужно од градот Радовиш. ИсторијаСпоред народните преданија селото потекнува уште многу одамна. За ова сведочат средновековните остатоци во наоѓалиштето Пасаралица на северозападниот крај на селото.[4] За време на турското владеење тоа претежно било населено со турско население. Денес во селото живее само македонско население. Дека селото Ракитец е многу старо село, односно едно од најстарите села во Лакавичко и Радовишко, сведочат пишаните записи уште од XIV век кога тоа под името Ракит'ць заедно со Дедино, Лубница, Конче се споменати во пишан запис од 1366 година[5], кога била изградена познатата црква „Св. Стефан“. Уште една потврда за овие народни преданија доаѓа од пишаните податоци во турските пописни дефтери од XVI век, односно од 1570 година кога Ракитец било мешано христијанско македонско и муслиманско турско село кое припаѓало во рамки на засебната Нахија Конче во состав на Ќустендилскиот санџак[6]. Во ова време во селото, живееле 52 македонски христијански семејства и 10 муслимански турски семејства кои произведувале 59 товари пченица, 80 товари мешано жито, 1 товар уров, леќа, градинарски култури, свила, овошје, ореви до ½ товар, грозје и вино, сено, се чувале и свињи и пчели во улишта и кошници, за што се остварувло приход и давачки од 9000 акчиња[6]. На крајот на XIX век, македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија за селото Ракитец запишал дека е сместено во југозападното подножје на Смрдеш, поточно под местото Николовец[7]. Некогаш било чисто македонско, а во тоа време било повеќе турско[7]. Главно занимање на жителите било земјоделството, при што спахилакот му се купувал за 250 – 270 лири[7]. Селото во XIX век било дел од Радовишката каза на Отоманското Царство. Потекло и значење на иметоИмето на селото Ракитец е многу старо со најстара потврда, запишано со истиот облик Ракит'ць од 1366 година, а според научните толкувања тоа доаѓа од името на дрвото ракита - 'вид ниска врба со црвеникава кора, со ботанички назив Salix purpurea ' [5], кое што и денес го има и може да се забележи на падините околу селото. СтопанствоМештаните во село Ракитец се занимаваат со одгледување тутун, а и други земјоделски гранки. Исто така се одгледува добиток. Исто така, голем број од луѓето се занимаваат со производство на вар. Население
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 216 жители, 66 Македонци и 150 Турци.[8] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото Ракитец имало 80 жители.[9] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[10] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 519 жители, сите Македонци.[2] По заминувањето на Турците, во селото живееле само Македонци. Воедно, селото Ракитец е едно од ретките во Македонија, кое забележува постојан раст на населението во селото и моментално живеат повеќе жители отколку по завршувањето на Втората светска војна. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 355 жители, од кои 316 Македонци и 39 лица без податоци.[11] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиСелото Ракитец во целост е населено со Македонци од православна христијанска вероисповед, чии родови во еден дел се староседелци, а останатите се доселени од соседните и околни повисоки села како Негреновци на месниот говор наречено Нагрновци, Липовиќ, Дедино на местото на помалубројните Турци кои се иселиле. Родови и семејства кои живеат во Ракитец се: Арсовци и Манчевци се староседелци, Андреевци се исто така старинци, Грковци се доселиле од Горни Липовиќ живеат во свое посебно родовско маало наречено Грковско, Ѕамбуљци се доселиле од Дедино, Ристови, Манолеви, Митеви, Јованови, Тушеви, Илиеви, Николови. Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957, селото било во рамките на тогашната општина Конче. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Конче, во која покрај селото Ракитец, се наоѓале и селата Габревци, Горни Липовиќ, Долни Липовиќ, Долни Радеш, Конче, Лубница и Негреновци. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Дедино, во која влегувале селата Горни Липовиќ, Долни Липовиќ, Дедино, Габревци, Негреновци и Ракитец. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1609 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 378 гласачи.[17] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Култура и спортВо селото денес не постои никаков спорски клуб. Младите спорските активности ги извршуваат во општинското средиште Конче. Секоја година за празникот Велигден во селото се одржува турнир во мал фудбал во кој учествуваат екипи од целата општина. ИселеништвоВо село Ракитец живеат околу 500 граѓани од кој 200 се иселени, некои од нив во градот Радовиш кој се наоѓа на оддалеченост од селото на 17 км, а голем дел и во дијаспората. Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|