Ригенски мост
Ригенски мост или Штрелазундски премин (германски: Rügenbrücke и Strelasundquerung) се однесува на двата моста, кои го поврзуваат германскиот остров Риген преку Штрелазунд со западнопомеранското копно близу Штралзунд: Ригенски мост и Ригенски насип (Rügendamm). Фериботите исто така сообраќаат преку протокот Штрелазунд помеѓу Штралзунд и Алтефер и помеѓу Шталброде и Глевиц. Ригенскиот насип бил првиот цврст премин преку протокот Штрелазунд, за стариот сојузен автопат Б96, железничката линија Штралзунд-Засниц и комбинирана пешачка и велосипедска патека. Бил завршен во 1936/1937. Ригенскиот мост е името на вијадуктот со три ленти завршен во 2007 единствено за патен сообраќај, помеѓу селото Алтефер на островот Риген и ханзеатскиот град Штралзунд; дел од планот било Б96 и европскиот коридор Е22 да станат дел од обиколницата на штралзунд. Двата моста се изградени паралелно еден на друг. Ригенскиот мост има вкупна должина од 2.831 метар, што го прави еден од најголемите мостови во Средна Европа. МостовиРигенски мостРигенскиот мост (германски: Rügenbrücke) — висечки мост од армиран бетон, кој се протега над Штрелазунд помеѓу градот Штралзунд и островот Риген. Мостот бил изграден за да го замени застарениот Ригенски насип (Rügendamm), кој ќе остане во употреба за обезбедување на железничката врска и да го опслужува локалниот сообраќај кон островот Денхолм. Мостот има три ленти, по една во двете насоки, а средишната лента се употребува по потреба. Главниот елемент на 4.100 метри долгиот мост е потегот над Штрелазунд од 2.831 метар. Преминот се состои од седум делови, пет од нив се делови на мостот:
Јужна платформаЈужниот пристапен мост започнува позади неговата раскрсница со обиколницата на Штралзунд (сојузниот автопат Б96) и се состои од 85,54 метри долг насип, мерен до потпорниот столб на првиот пристапен мост. Преку него се двата пристапни моста кај Штралзунд (Vorlandbrücken Stralsund) со наклон до 4%. Првиот претставува мост од 327,5 метри направен од армиран бетон со десет делови и бетонска талпа. Вториот мост е долг 317 метри со шест делови и единствена челична структура. Архитектонски подвиг било пристапот за обиколницата со два столба во вид на латиничната буква „Y“, што овозможува столбовите да се протегаат на 72 метри. Оградата на пристапните мостови е висока 70 сантиметри во ѕидовите со заштитни стаклени панели, како и дефлектори и штитови. Мост Нов Цигелграбен (вијадукт)Новиот мост Цигелграбен, проектиран како вијадукт, го поминува протокот Цигелграбен (Ziegelgraben), ракав на Штрелазунд, кој го раздвојува Штралзунд од островот Денхолм. Има должина од 583,30 метри. Двата главни дела, 126 метри (на копното) и 198 метри (на страната на Денхолм), се проектирани како висечки мост со три челични гради во рамката. Мостот овозможува под него да поминат бродови до 42 метри. Пилонот е поделен на два дела и е висок 128 метри: околу 40 метри бетонска основа и горниот дел од челик. Надградбата е одвоена од основата со лежиштето на мостот. 32 челични кабли се оптегнати од столбот до бетонскиот хоризонтален дел. Ригенскиот мост користел уникатен систем на кабли во Германија, кои биле тројно заштитени од ’рѓа: најпрвин каблите биле галванизирани, потоа биле прекриени со полиетилен и на крајот со специјален восок. Каблите биле тестирани една година на Техничкиот универзитет Минхен и на крајот одобрено од сојузното министерство. Челичните кабли, со вкупна маса од 135 тони, се состои од 34 поединечни нишки, кои се врзани во еден сноп за да создадат еден кабел со пречник од 180 мм. Се процени дека може да издржат 4000 килоњутни. Оградата на новиот Мост Цигелграбен е висока 1,5 метри, дополнително заштитена со стаклени панели, како и дефлектори против ветер. Северна платформаСеверната платформа се состои од три моста, насип и пат. Откако главниот мост доаѓа до пристапниот мост Денхолм (Vorlandbrücke Dänholm, BW 3), кој е долг 532,3 метри и пристапниот мост Штрелазунд (Vorlandbrücke Strelasund, BW 4), со должина од 532,2 метри. Обете градби имаат 10 дела од армиран бетон, изградени врз столбови направени од бетон. Оградата на мостот Денхолм е проектирана со височина од 0,7 метри со стаклени панели, како и дефлектори против ветер. Последната градба на мостот е Штрелазундскиот мост, долг 539 метри (Strelasundbrücke, BW 5). Овој исто така е направен од армиран бетон. Последниот дел на Штрелазундскиот премин поминува низ уште еден насип. Должината на овој насип е 455,95 метри, додека над него има дополнителни 732 метри пат. Постои и потпатник за велосипедската патека. Ригенски насипРигенскиот насип (Rügendamm) — името на првичниот мост, кој го поврзувал островот Риген и градот Штралзунд на копното на покраината Мекленбург-Западна Померанија. Мостот бил изграден во 1930-тите и бил отворен во октомври 1936. Ригенскиот насип се состои од два дела:
Денес, Ригенскиот насип обезбедува само патен и железнички пристап до островото Денхолм. Фериботски линииПомеѓу Штралзунд и Алтефер постои фериботска линија, на која возат мало патнички бродови, кои се користат исклучиво за патници. Линијата е управувана од бродската компанија Weiße Flotte. Надворешни врски
|