Ритерхуде
Ритерхуде (германски: Ritterhude; долногермански: Hu’e) — општина во округот Остерхолц, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Хаме, околу 6 километри југозападно од Остерхолц-Шармбек и 13 километри северозападно од Бремен, со кога и непосредно се граничи. ГеографијаМестоположбаОпштинското подрачје опфаќа мочурлив терен околу реките Хаме и Виме. Општински единициДенешната општина Ритерхуде се состои од некогашните самостојни општини: во заградите бројот на жители во 2013
Соседни општиниРитерхуде се граничи на север со градот Остерхолц-Шармбек, на исток со Лилиентал, на југ со градот Бремен и на запад и северозапад со Шваневеде. ИсторијаПрвпат е споменат во 1182 година во документ на манастирот од Остерхолц. Куќата „фон дер Худе“ е спомната првпат во документ од 1185 година. Замокот „Худа“ бил користен во 1309 година за да го штити речниот премин на Хаме. Бројот на жители се зголемил од 52 семејства во 1568 година на 89 во 1710 година. Во 1757 година, замокот и мостот биле уништени во Седумгодишната војна. Ритерхуде припаѓал на Архиепископијата Бремен. Во 1648 година, Архиепископијата станала Војводство Бремен, кое првин било владеено во личен сојуз од Швеѓаните, а од 1715 година натаму од хановерската династија. Во 1823 година, Војводството било укинато и неговата територија станала дел од областа Штаде. СообраќајЖелезничката станица Ритерхуде е поврзана со С-железницата на Германските железници. Галерија
НаводиНадворешни врски
|