Савиња
Савиња (словенечки: Savinja) — река во североисточна Словенија која тече низ Горната и Долнања Савињска Долина и градовите Цеље и Лашко. Почнува како главна река во Савињските Алпи и завршува како притока на Сава кај селото Зидани Мост. Долга е 101,75 км и има сливна површина од 1.847,7 км2.[1] Неретко знае да се поплавува и затоа се прават напори за заштита долж нејзиното поречие. По реката е наречен Савињскиот статистички регион, еден од современите региони на Словенија. ИзворРеката почнува како поток од водопадот Ринка и тече низ Логарската Долина во уредено корито. Тука водотекот се влева во потокот Језера и заедно ја образуваат Савиња. Овој поток е прогласен за природно наследство, а Ринка за еден од најубавите водоапди во земјата и највисок од дваесетте водопади во долината, со најдобар поглед од Камничкото Седло. ПритокиГлавни притоки на Савиња се следниве:
Сплаварење во минатотоСè до Втората светска војна сплавовите имале имале важна улога во животот на поречните места. На левиот брег на реката во Цеље стои статуа „Сплавар“, изработена од Борис Калин 1961 г. во спомен на ова. Слики
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|