Цеље
Цеље (словенечки: Celje, германски: Cilli) — четвртиот град по големина во Словенија. Тој е регионално средиште на традиционалниот словенечки регион Штаерска и административно седиште на Градска општина Цеље која се наоѓа во Савињскиот статистички регион. Гратчето е сместено под Цељскиот замок кај вливот на реките Савиња, Худиња, Ложница, Воглајна во Савињската Долина и кај раскрсниците на патиштата што ги поврзуваат Љубљана, Марибор, Велење и долината Засавје. Цеље лежи на 238 метар надморска височина.[2] ИмеЦеље бил познат како Келеја (латински: Celeia) за време на античкоримскиот период. Раните сведоштва на името за време или по словенското населување се Килија (Cylia) во 452 година, еклесие Келејане (ecclesiae Celejanae) во 579 година, Целија (Zellia) во 824 година, ин Цилија (in Cilia) во 1310 година, Цили (Cilli) во 1311 година и Целе (Celee) во 1575 година. Старословенечкото име *Целе или *Цеьјe, од кое се развил современиот словенечки топоним Цеље (Celje), било позајмено од народниот латински Келее (Celeae). Името е од предримско потекло и неговата понатамошна етимологија е нејасна.[3] На месниотсловечки дијалект, Цеље е наречено Цјеле или Целе. На германски се нарекува Цили (Cilli), а на италијански е познат како Чили (Cilli) или Челје (Celie). ИсторијаРана историјаПрвата населба во областа на Цеље се појавила во Халштатско време. Населбата била позната во келтското време и на старогрчките историчари како Келеја;[4] наодите наведуваат дека Келтите ковале норички монети во регионот. Откако областа била вклучена во Римската Империја во 15 п.н.е., таа била позната како Кивитас/Киуитас Келеја (латински: Civitas Celeia. Местото добило општински права во 45 н.е. под името муникипиум Клаудија Келеја (municipium Claudia Celeia) за време на владеењето на римскиот император Клавдиј (41-54). Записите наведуваат дека градот бил богат и густо населен, обезбеден со ѕидини и кули, со повеќекатни мермерни дворци, широки плоштади и улици. Бил нарекуван Втора Троја (Троја секунда, Troia secunda), и/или Мала Троја. Еден римски пат низ Келеја водел од Аквилеја (словенечки: Оглеј) до Панонија. Келеја набрзо станала процутна римска колонија и биле изградени многу големи градби, како што е храмот на Марс, кој бил познат низ Империјата. Келеја била вклучена во Аквилеја околу 320 година за време на римскиот император Константин Велики (272-337). Градот бил срамнет од словенските племиња за време на Големата преселба во 5 и 6 век, но бил повторно изграден во раниот среден век. Првото спомнување на Цеље во средниот век било под името Килије (Cylie) во Хрониката на Волфхолд фон Адмонт, која била напишана помеѓу 1122 и 1137 година. Градот бил седиште на цељските грофови од 1341 до 1456 година. Се здобил со статус на пазарен град во првата половина на 14 век и градски привилегии од грофот Фридерик II на 11 април 1451 година. По изумирањето на цељските грофови во 1456 година, регионот бил наследен од Хабсбурговциите од Австрија и управуван од Војводството Штаерска. Бедемите и одбранбениот шанец биле изградени во 1473 година. Градот се бранел од Османлиите и во 1515 година за време на големата Словенечка селанска буна против селаните кои го зазеле Стариот замок. Многу месни благородници преминале во протестантство за време на протестантската реформација, но регионот бил повторно преобратен во Римокатолицизам за време на Контрареформацијата. Цеље станал дел од Хабсбурбуршката Австриската Империја за време на Наполеоновите војни. Во 1867 година, по поразот на Австрија во Австро-пруската војна, градот станал дел од Австроунгарија. ЗнаменитостиТуристичките знаменитости на градот се миноритскиот манастир основан во 1241 година[5] и дворец од 16 век. Парохиската црква, која датира од 14 век, со својата готска капела, е интересен примерок на средновековната архитектура. Таканаречената германска црква, во романески стил, му припаѓала на манастирот, кој бил затворен во 1808 година. Тука е зачуван престолот на цељскиот грофови, а исто така и гробовите на неколку членови на семејството.[5] ГеографијаКлимаЦеље има влажна континетална клима со топли лета (Кепенова класификација на климата).
Градски четвртиГратчето Цеље е поделено на 10 населби односно градски четврти (mestne četrti): Население
Гратчето Цеље имало 37,490 жители согласно 2002 година. ОбразованиеВо Целје нема универзитет, иако во градот е воспоставено одредено образование на ниво на факултет.
КомуникацииПоштенски број: SI-3000 (од 1991 година). (Стар поштенски број: 63000 (помеѓу 1945–1991)). Збратимени градови
Цеље, исто така, соработува со Череповец во Русија и има неформални тесни односи со Грац и Шпитал на Драва во Австрија.[8] Позначајни личности од Цеље
Галерија
Наводи
Дополнителна книжевност
ПоврзаноНадворешни врски
|