Самовили (сказна)
Самовили — француска бајка на Шарл Перо (оригинален наслов: "Les Fées") објавена во збирката Приказни или сказни од минатото (1697). Според Арн-Томсон класификацијата, оваа приказна е 480, добрата девојка и оние лошите. Други приказни од овој тип се Шита-Кири Сузуме, Мразулко, Три човечиња во шумата, Старата вештерка, и Два ковчега.[1] Книжевните варијанти ги вклучуваат Трите самовили и Зорица и Љубица.[2] ПриказнатаЗлобната стара вдовица имала две ќерки; нејзината постара ќерка, Фани била тврдоглава и суетна, но личела и се однесувал како мајка ѝ, затоа ѝ била миленичка. Помладата ќерка, Розе била слатка, нежна и убава, но личела на нејзиниот починат татко. Љубоморна и зајадлива, вдовицата и нејзиниот омилена ќерка ја злоупотребувале и малтретирале младата девојка. Еден ден, додека црпела вода од бунарот, една стара жена ѝ побарала на помладата девојка да се напие. Девојката учтиво се согласила и откако ѝ дала вода, видела дека жената е самовила, која била преправена за да го испитува карактерот на смртниците. Бидејќи девојка била толку љубезна и сочувствителна кон неа, самовилата нејзе ја благословила со тоа кога ќе зборува од устата да ѝ паѓа накит, злато или цвет. Кога стигнала дома и објаснила зошто толку се задржала, вдовицата била восхитена кога видела како скапоцени метали, накит and цвеќе паѓа од устата на девојката и посакала нејзината омилена ќерка Фани да има исто таков дар. Фани не бунела но вдовицата на сила ја натерала да оди на бунарот со укажување да се однесува пристојно и пријатно кон некоја стара питачка. Фани се согласила но самовилата се појавила како принцеза и побарала девојката да ѝ извади вода од бунарот. Постарата ќерка грубо ѝ одговорила и ја навредила. Самовилата рекла дека како казна за нејзиното ужасно однесување од устата кога ќе прозбори да ѝ излезе или крастава жаба или змија. Кога Фани стигнала дома, таа ѝ ја раскажала на мајка си приказната а крастави жаби и отровници излегувале од нејзината уста на секој збор. Вдовицата, во бес, ја избркала помладата ќерка од дома. Во шумата таа го сретнала синот на кралот кој се заљубил во неа и ја земал за жена. Со време, дури и на вдовицата ѝ дошло преку глава од постарата ќерка, па ја избркала, а таа умрела сама и очајна во шумата. КоментарМотивот скапоцености да паѓаат од устата на доблесната личност се наоѓа во разни други приказни како и во италијанската Бјанкабела и змијата.[3] ВлијанијаВо Сината книга со бајки (1889)[4], шкотскиот фолклорист Ендру Ланг вклучил англиска верзија на приказната, Жаби и дијаманти[5]. Оваа англиска верзија била илустрирана од Лора Валентајн[6] и преведена на француски на wikiversité. Во детската книга Сказни од улицата Брока, Пјер Грипари[7], ја презема приказната и малку ја изменува: самовилата кај ќешмата на лошата девојка ѝ дала дар да плука бисери а на добрата змии. Но овие подароци различно биле ценети: таа што плукала змии ја сретнала својата љубов во Институтот Пастер кој ги истражувал отровите, а онаа што плукала бисери била заведена од некој крадец кој потоа ја напуштил. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Комплетните текстови и илустрираниШарл Перо на француски јазик
|