Истории или сказни од минатото, со наравоученија: Приказни на мајката Гуска (фр. Histoires ou contes du temps passé, avec des moralités: Contes de ma mère l'Oye)
Жанр
Сказна
Издавач
Барбен (фр. Barbin)
Издадена
1697
„Сината брада“ е народна приказна, чија најпозната верзија е онаа на Шарл Перо, објавена во 1697 во Приказните на мајката Гуска. Тоа исто така е името на централниот лик на приказната.
Кратка содржина
Тој е неблагородник но многу богат чија брада е сина. Тоа го прави грд и страшен. Тој веќе имал неколку жени и не е се знае што станало со нив. Сепак на сосетките им нуди да се омажат за него, но никој не сака да го земе. Најпосле, една од нив се согласува, заведена од богатството на синобрадиот.
Еден месец после свадбата, Сината брада мора да оди на патување. Тој ѝ доверил на неговата млада сопруга сноп клучеви, за отворање на сите врати на замокот, но имало една мала соба, каде таа никако не смеела да влезе. Љубопитна, таа сепак влегла во забранетата соба и ги пронашла сите тела на претходните негови жени кои виселе на ѕидот. Од страв го испуштила клучот кој се извалкал со крв. Се обидувала да го избрише но не успеала бидејќи тој бил магичен[1]
Сината брада ненадејно се вратил и видел дека сопругата не го послушала. Бесен, тргнал да ја заколи оваа премногу љубопитна жена, иста како претходните. Таа ги чекала нејзините двајца браќа кои требале да ѝ дојдат на гости па го замолила да ѝ даде доволно време да се помоли. Чудовиштето ѝ дало четвртина час. Во текот на ова време, нејзината сестра Ана оди во кулата, да види дали нивните браќа се на пат. На крајот браќата се појавуваат и го убиваат. Таа го наследила цело богатство. Се омажила по вторпат со некој чесен човек, со кој била среќна.
Галерија
"...ако ти се случи да отвориш, ништо нема да ме спречи во гневот "
"Соседите и пријателите чекаа да замине за да одат кај невестата. ..за да ги видат сите богатства во неговата куќа "...
"Фала богу! најпосле еве ги моите браќа.... "
"Меќови му зарија во телото и го оставија мртов ".
Сопругата со клуч во раката, оди во забранетата соба, додека гостите истражуваат други простории на куќата
Сопругата го моли Сината брада да ја поштеди На левата страна е сестрата Ана, која се подготвува да се искачи на врвот на кулата
Сината брада е убиен од страна на двајцата браќа на неговата сопруга
Ликот на Сината брада
Сината брада е првично инспириран од усната традиција. Тој е тип на огар кој ги напаѓа своите жени и децата што сонив ги има. По објавувањето на приказната од страна на Шарл Перо, ликот на Сината брада инспирирал многу писатели, музичари и режисери. Воедно, ваквиот лик се поврзува со разни, историски или митолошкиликови:
Кономор, историски изветоперен лик е во согласност со ликот во бајката на Шарл Перо[3].
Хенри VIII од Англија, кој имал шест жени и две од нив биле осудени на смрт за прељуба и предавство ( Ана Болејн и Кетрин Хауард), е тип на Сина брада. Тоа бил страшен, огромен и имал црвена брада.
Анри Дезире Ландри, францускиот сериски убиец, го нарекувале " Сината брада од Гамбе".
На Жил де Ре, воен придружник на Јованка Орлеанка прекарот му бил "Сината брада" од Нант. Тој бил убиен, откако бил обвинет дека нападнал и убил голем број на деца и млади луѓе, но, иако убиец, неговиот живот и постапки не наликуваат на ликот во приказната.
Анализа
Според Бруно Бетелхајм, бајката го претставува стореното неверство на сопругата и злосторството сторено од страст од страна на љубоморниот сопруг. Крвта на јајцето [варијанта во една од приказните на Грим ] и на клучевите симболизира дека јунаците имале полов однос. Затоа, Сината брада е приказна за половото искушение"[4].
Сината Брада е комична опера на Жак Офенбах од 1866. Хероината се вика Булот и има нимфоманска тенденција.
Замокот на Сината Брада е единствената опера на Бела Барток (1911). Сината брада тука не е традиционално монструозниот лик туку затворен идеалист. Неговата вереничка го приморува да ги отвори седумте тајни порти за позади последната да ги открие трите први сопруги на Сината Брада на кои таа ќе им се придружи оставајќи го мажот во неговата вечна осаменост.
↑François Fièvre, « Walter Crane lit Barbe bleue : amour, violence… et politique », Féeries [En ligne], 11 | 2014, mis en ligne le 19 décembre 2015, consulté le 14 juillet 2017. URL : http://feeries.revues.org/939
↑Henri Weitzmann, Itinéraire des légendes bretonnes, Hachette, 1954, 54.
↑Graham, Heather; Fiennes, Joseph; McElhone, Natascha (2002-06-21), Killing Me Softly, Посетено на 2017-10-28
Користена литература:
Arlette Bouloumié, « La dernière femme de Barbe-Bleue dans les réécritures des mythes au xxe siècle », dans Jacques Boulogne (dir.), Les Systèmes mythologiques : colloque « Les systèmes mythologiques », Université de Lille, 1995, Lille, Presses universitaires du Septentrion, 1997, p. 323-337.
Charrière, Georges (1980). „Du social au sacré dans les contes de Perrault (Suite*)“. Revue de l'Histoire des Religions. 197, fascicule n° 2 (3): 159–189. doi:10.3406/rhr.1980.5033..
Charrière, Georges (1980). „Du social au sacré dans les contes de Perrault (Suite*)“. Revue de l'Histoire des Religions. 197 (3): 289-315. doi:10.3406/rhr.1980.5033. Укажано повеќе од еден |pages= и |page= (help).
Florence Fix, Barbe-Bleue et l'esthétique du secret de Charles Perrault à Amélie Nothomb, Hermann, 2014, 234 p.