Сен Пјер (Свети Петар и Микелон)
Сен Пјер (француски: Saint-Pierre, „Свети Петар“) — главно гратче на француската прекуморска заедница Свети Петар и Микелон, недалеку од брегот на Њуфаундленд, Канада. Ова е поголемата од двете општини кои ја сочинуваат заедницата. ГеографијаОпштината е сочинета од самиот остров Сен Пјер и неколку помали острови во околината, како што е Морнарскиот (Ил о Марен). Иако опфаќа речиси 90 % од населението на Свети Петар и Микелон, оваа општина е значително помала по површина од Микелон-Ланглад, која се наоѓа североападно од неа, на островот Микелон. Главното населено подрачје е во северниот дел на заливот, наречена Барашоа, и излегува на Атлантскиот Океан од источниот брег на островот. Приодот кон овој залив е преграден со верига од помали островчиња. ИсторијаОстровот бил испостава на Ал Капоне во криумчарењето на алкохол од Канада во САД за време на прохибицијата. Сè 1945 г. Морнарскиот Остров бил трета општина на територијата, кога е припоен кон Сен Пјер. НаселениеСпоред пописот од 2016 г. Сен Пјер има 5.628 жители[1], претежно од баскиско, бретонско, нормандско и акадиско потекло. Сите жители на општината живеат на самиот остров Сен Пјер. ЗнаменитостиНедалеку од брегот се поштата и царинарницата, а зад нив се плоштадот „Генерал Шарл де Гол“. Од неговата северна страна се наоѓа катедралата „Св. Петар“ преизградена на почетокот на XX век по голем пожар. Други знаменитости се светилникот кај старите одбранбени топови, а понасевер се поранешната болница и игралиштето „Саспијак бат“ наменето за традиционалниот баскиски спорт пелота. ЗдравствоЗаедницата Свети Петар и Микелон има само една болница — „Франсоа Динан“, отворена во 2011 г.[2]) Други здравствени услуги можат да се добијат во старечкиот дом „Еглантин“. СообраќајОстровот го опслужува меѓународниот аеродром кој се наоѓа јужно од градот. Ова е матично леталиште на превозникот „Ер Сен Пјер“ кој има летови до Микелон, пет градови во Канада и сезонска линија до Париз. Образование
Збратимени градовиСен Пјер збратимен со:
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|